Кристина Ковач за перименопаузата: „Никогаш во животот не сум 'пропаднала' побрзо отколку во последниве два месеци“
И да, вистина е дека бев на работ од ‘burnout’ (прегорување) со работата, ама мислам дека ова е друго“.
Кристина доби низа пофалби за отворањето на темата перименопауза и огромна поддршка.
Жените во коментари ја бодрат и споделуваат свои искуства, некои позитивни, некои негативни:
„Ти си секогаш прекрасна! Јас ја гледам таа прекрасна душа во твоите очи!“
„Ги читам коментарите и не можам да се сетам дека нешто од тоа ми се случило. Последна менструација имав на 55 години. Проблеми - никогаш!
Сега имам 71 година и слободно можам да кажам дека не знам што е климакс. Единствено - мигрените ми престанаа“.
„Добредојде! Веќе една година и нешто спиењето ми е проблем, се будам препотена како да сум се капела, час ми е жешко, час студено.
Косата последниве месеци ми се истанчи сосема. Којзнае што уште нè чека. Ама само напред!“
„Омега-3. И колаген. И сите витамини што постојат. И да се натераш на каква било физичка активност“.
„Јас ја поминав перименопаузата, траеше речиси 4 години, почна пред 40-тата. Сега веќе една година сум во менопауза.
Косата ми е преполовена, килограми се натрупаа, имам топлотни бранови, понекогаш косата ми е речиси цела мокра, имам променливо расположение...
За спиење пијам лекови, инаку не би можела да заспијам, а наутро не можам да станам. Кај мене сè почна порано отколку кај другарките, постари од мене.
Но, најважно е што сме здрави, и спасот секогаш е само еден - пуштам музика на најгласно. Ти си ми прекрасна и не се гледа никаков умор на тебе, тоа е само чувство“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





