Ги победи Мартија и Антониа во „Пинкови ѕвездички“: Кој е Марко Бошњак, хрватскиот претставник на Евросонг?
- Детали
- сабота, 08 март 2025
Пред да се прослави со „Пинкови ѕвездички“ на само 11 години, Марко Бошњак пеел во црковен хор. Што знаеме за момчето кое годинава ќе ја претставува Хрватска на Евровизија во Швајцарија?
Марко Бошњак, 21-годишното момче од Мостар, Босна и Херцеговина, победи на фестивалот „Дора“ и со тоа стана хрватски претставник на Евросонг 2025.
На фестивалот што ќе се одржи во Базел, Швајцарија во мај, Марко ќе ја пее песната Poison Cake, за која имаше мешани реакции во хрватската јавност.
Иако освои многу поени од телевоутингот и беше прв од жирито, имаше и такви кои на социјалните мрежи коментираа дека Хрватска испраќа многу лоши песни последниве години и дека песната на Марко не е соодветна на реномето на земјата.
Тој, пак, по победата изјави дека со ова му се исполнил најголемиот сон.
„Ќе дадам сè од себе за да ја претставам Хрватска во најдобро светло“, рече Марко по победата.
Ова е негово второ учество на „Дора“.
Тој во 2022 година ја испеа емотивната балата Moli za nas и тогаш заврши на второто место.
Интересно е што, брзо потоа, почнал да работи во ресторан за брза храна и така да заработува за џепарлак.
Марко годинава беше најмладиот учесник на фестивалот, но зад себе има поголемо искуство од повеќето натпреварувачи.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





