Сите детали за земјотресите на Санторини – колку долго ќе траат, дали ќе биде безбедно за патување?

Изминативе неколку недели, во Санторини се забележани илјадници земјотреси. Иако земјотресите се вообичаена појава за островот поради вулканот на којшто се наоѓа, експертите веруваат дека овој пат не се предизвикани од вулканска активност и уште пробуваат да ја утврдат причината. Во меѓувреме, локалците стравуваат за туристичката сезона.

site-detali-za-zemjotresite-na-santorini-kolku-dolgo-kje-traat-dali-kje-bide-bezbedno-za-patuvanje-01.jpg

Почнувајќи од јануари годинава, Санторини се соочи со илјадници земјотреси кои иако не предизвикаа голема штета, се верува дека ќе влијаат врз туристичката сезона.

Повеќе од еден месец, потресите на грчкиот остров не престануваат и многу туристи почнале да ги откажуваат аранжманите за претстојните велигденски празници.

Земјотресите се со јачина до околу 5 степени според Рихтеровата скала.

kolku-dolgo-kje-traat-zemjotresite-vo-santorini-i-postoi-li-rizik-od-razoren-potres-05.JPG

Додека локалците велат дека се навикнати на потресите во Санторини, туристите сепак се исплашени.

„Не дека ми е страв од земјотреси – Санторини постојано се тресе. Загрижен сум дека ќе нема доволно туристи.

Ако сезоната е слаба, нема да заработам доволно пари или нема да им требам за летната сезона“, вели за BBC млад Грк кој секоја година работи на островот.

Иако можеби локалците не се плашат од земјотресите, надлежните прогласија вонредна состојба и веќе три четвртини од луѓето кои живеат на островот се евакуирани.

Па, што точно се случува на Санторини?

Санторини е сместен на синџир острови создадени од вулкан.

Всушност, целиот остров е главно потопена купа на голем вулкан.

Вулканот Санторини е заспан, но сепак е активен и последната ерупција била во 1950 година.

kolku-dolgo-kje-traat-zemjotresite-vo-santorini-i-postoi-li-rizik-od-razoren-potres-03.JPG

Поради активноста на вулканот, земјотресите во оваа област не се така ретки.

Сепак, она што се случува сега е феномен кој за експертите е нов.

„Невидено е, не сме забележале нешто вакво во модерна Грција“, вели експерт за BBC.

Разликата од вообичаените потреси била тоа што биле забележани многу земјотреси на релативно мала област.

Вулканот Санторини лани летото се разбудил и уште тогаш забележале сеизмичка активност.

Сепак, ситуацијата ескалирала изминатиов месец и сега експертите велат дека се среде „сеизмичка криза“.

kolku-dolgo-kje-traat-zemjotresite-vo-santorini-i-postoi-li-rizik-od-razoren-potres-02.JPG

Веруваат и дека овие земјотреси немаат никаква врска со вулканска активност.

Засега тие не се сигурни колку долго ќе траат земјотресите, ниту дали помалите потреси на крај ќе предизвикаат поголем земјотрес.

Сепак, повеќето сеизмолози велат дека не треба да се крева паника бидејќи шансите за земјотрес со јачина од шест степени е мала.

Исто така, повеќето не веруваат дека може да дојде до вулканска ерупција, па и цунами, како што се шпекулира.

Експертите анализираат земјотреси во областа од претходните години со надеж дека ќе најдат некаква шема и ќе можат да предвидат што ќе се случи следно.

kolku-dolgo-kje-traat-zemjotresite-vo-santorini-i-postoi-li-rizik-od-razoren-potres-04.JPG

Во меѓувреме, на островот има полицајци и војници кои се подготвени да помогнат во случај да дојде до посилен земјотрес.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цел живот љубеше само една жена, поради смртта на брат му не славел роденден: Факти за легендарниот ... Драган Николиќ почина пред скоро десет години, но останува запаметен како еден о...
Откорнати дрвја во Солун, поплавени улици на Родос – Страшни последици од силната бура во Грција (фо... Покрај островот Родос кој е меѓу најпогодените, бурата Бора предизвикала штета и...
„Не жалам за парите, туку за непочитта“ - Харис Џиновиќ официјално се разведе од Мелина и проговори ... Разводот на Харис и Мелина Џиновиќ е официјализиран. Пејачот беше мета на критик...
Никола Роквиќ „нападнат“ поради скандалозна изјава од минатото: „Не верувам во неговиот аџилак“ Никола Роквиќ во Егина беше пречекан како херој и имаше огромна поддршка во теко...
Српски туристи снимиле необична магла на плажа на Лефкада – Знаете ли за што се работи? „Појавата траеше околу половина час“ – велат српските туристи кои го споделија в...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg