Никола Роквиќ „нападнат“ поради скандалозна изјава од минатото: „Не верувам во неговиот аџилак“
- Детали
- четврток, 23 мај 2024
Никола Роквиќ пристигна во Егина, каде што беше пречекан како херој, но неговиот аџилак не ги воодушеви сите, па на Твитер се појави насловна страница постара од 20 години, со негова скандалозна изјава.
Српскиот пејач Никола Роквиќ вчера попладне (22.05) пристигна во манастирот Нектариј Егински во Грција.
Тој 31 ден одеше пешки од Белград до островот Егина, со хумана цел - преку својата фондација да собере пари за апарат за дијагностицирање рак на мозокот за Клиниката за детска онкологија.
По сите премрежија и предизвици со кои се соочи по пат, Никола успеа да ја постигне својата цел, па бос влезе во манастирот и се поклони пред Св. Нектариј Егински, со што ја исполни својата мисија.
Притоа, преку донации, Никола ги собра потребните средства за апаратот, но и повеќе од тоа што очекуваше.
Иако во манастирот беше пречекан како херој и имаше огромна поддршка во текот на целото патување, неговиот аџилак сепак не ги воодушеви сите.
На Твитер се појави стара насловна страница од магазинот „Скандал“, направена пред повеќе од 20 години, со изјава на младиот Роквиќ: „Ако некоја не сака да ми го п**и, се вртам и си одам“.
Скандалозниот наслов е дополнет и со изјава од Никола.
„Ми годи секс со лисици, а имам и гумена кукла од секс-шоп“ - пишува на насловната.
— Pluton (@Pluton45873221) May 22, 2024
Еден од твитовите гласи:
„Извинете ако не го сфаќам сериозно аџилакот на Никола Роквиќ, бидејќи засекогаш ќе ме прогонува неговиот наслов од 2000-тите дека ако некоја не сака да му го п**и, се врти и си оди“.
Овој твит предизвика бурни реакции, но во одбрана на пејачот и тоа што го направи во текот на изминатиот месец.
„Замисли за 10 години ти да почнеш некоја хуманитарна акција и да собереш 250.000 евра, но некој да направи скриншот од сите глупости што ги објавуваш тука за неколку лајкови.
Некому му треба малку за да го пронајде својот пат, а некому не му се доволни ни 5 животи“, стои во коментарот.
Никола години наназад важи за мирен семеен човек. Тој е десет години во стабилен брак со манекенката Бојана Баровиќ, со која има три деца.
Тие важат за еден од најскладните парови на српската естрада.
Никола и Бојана заедно ја основаа фондацијата „Porodica“, а собирањето донации за Детската клиника за онкологија во Белград беше нивната прва донаторска акција.
Прочитајте и По 31 ден пешачење, Никола Роквиќ пристигна во Егина: Ги собра парите, си го исполни ветувањето дадено на Свети Нектариј
А. Ј. | Црнобело