Никола Роквиќ пешачи од Струмица кон Валандово, утре ќе стигне во Грција – струмичани му подарија ајвар и икона

„Во Македонија отсекогаш се јадело добро“ – вели на шега пејачот Никола Роквиќ кој денес пешачи од Струмица кон Валандово, а планира утре да стигне во Грција. Се пофали дека за 16 дена успеал да собере 16 милиони српски динари за својот хуман подвиг.

nikola-rokvikj-peshachi-od-strumica-kon-valandovo-utre-kje-stigne-vo-grcija-strumichani-mu-podarija-ajvar-i-ikona-01_copy.jpg

Српскиот пејач Никола Роквиќ на 22-ри април го започна својот хуман подвиг, да помине пеш 1.060km од црквата Св. Сава во Белград до манастирот Нектариј Егински во Егина, Грција.

nikola-rokvikj-peshachi-od-strumica-kon-valandovo-utre-kje-stigne-vo-grcija-strumichani-mu-podarija-ajvar-i-ikona-02.jpg

Целта му е да ја зголеми свеста на луѓето за потребите на децата болни од рак и да собере пари за да се купи апарат за дијагностицирање рак на мозокот кај децата за Клиниката за детска онкологија во Белград, кој чини околу 200.000 евра.

Велигденските празници ги помина со семејството во Македонија, па објави и фотографии на кои позираат пред црквата Свети Архангел Михаил во Штип.

nikola-rokvikj-peshachi-od-strumica-kon-valandovo-utre-kje-stigne-vo-grcija-strumichani-mu-podarija-ajvar-i-ikona-03.jpg

nikola-rokvikj-peshachi-od-strumica-kon-valandovo-utre-kje-stigne-vo-grcija-strumichani-mu-podarija-ajvar-i-ikona-04.jpg

Денес (07.05), Никола веќе пешачи од Струмица кон Валандово.

Во својата последна објава Никола рече дека утре би требало да стигне во Грција и дека веќе се собрани 16 милиони српски динари (околу 136.000 евра).

А како што може да се види од објавите на Инстаграм Стори, струмичани побрзаа да го поздрават хуманиот подвиг на српскиот пејач.

nikola-rokvikj-peshachi-od-strumica-kon-valandovo-utre-kje-stigne-vo-grcija-strumichani-mu-podarija-ajvar-i-ikona-06.jpg

Никола доби ајвар, сендвич и икона, а попатно застануваше и да се поздрави со случајните минувачи.

„Во Македонија отсекогаш се јадело добро“ – се пофали пејачот.

nikola-rokvikj-peshachi-od-strumica-kon-valandovo-utre-kje-stigne-vo-grcija-strumichani-mu-podarija-ajvar-i-ikona-07.jpg

nikola-rokvikj-peshachi-od-strumica-kon-valandovo-utre-kje-stigne-vo-grcija-strumichani-mu-podarija-ajvar-i-ikona-08.jpg

Инаку, денес е посебен ден за Никола затоа што слави годишница од бракот со сопругата Бојана со која ја формираше фондацијата Porodica.

Тој на Инстаграм објави фотки од нивната венчавка, а до нив напиша:

„На денешен ден, пред 8 години под крилјата на Белиот ангел во нашата Милешева се заколнав на вечност на мојот најдобар пријател и на мојата подобра половина, која ми ги роди најубавите љубови и радости... Те сакам!“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Како изгледа денес слаткото детенце Осман од турската серија „Бурни времиња“? Го запознавме како 5-годишно детенце кое глумеше во трагичната турска серија „Бу...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Никола Роквиќ „нападнат“ поради скандалозна изјава од минатото: „Не верувам во неговиот аџилак“ Никола Роквиќ во Егина беше пречекан како херој и имаше огромна поддршка во теко...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg