Откорнати дрвја во Солун, поплавени улици на Родос – Страшни последици од силната бура во Грција (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 02 декември 2024
Покрај островот Родос кој е меѓу најпогодените, бурата Бора предизвикала штета и во посеверните делови на земјата, вклучувајќи го и Солун. Според грчките медиуми, има и две жртви на островот Лемнос.
Викендов делови од Грција беа погодени од бурата Бора која на многу места предизвика поплави од кои има и загинати.
Островот Родос е еден од најпогодените, но штета има и во северните делови на земјата, односно Халкидики, па и Солун.
Според грчките медиуми, двете жртви се од островот Лемнос, на возраст од 57 и 70 години.
На островот Родос, многу возила останале заробени на поплавените патишта, додека надлежните дале предупредување да се одложи секакво патување.
На северниот дел од земјата, бурата предизвикала и врнежи од снег.
Областа околу Солун се соочила со обилни врнежи од дожд, а силните ветришта откорнале дрвја и предизвикале значителна материјална штета.
Според експертите, бурата се очекува да продолжи и денес (02.12), најмногу во централниот и северниот дел на Грција.
На социјалните мрежи веќе се споделуваат фотографии и видеа од бурата.
На Инстаграм профилот Nikana.gr има компилација видеа на кои се гледаат огромните бранови во Калитеа, Пефкохори, Сивири и други делови на Халкидики.
На друго видеo, се гледа дека и нa Сарти има силни ветришта кои предизвикуваат големи бранови.
Повеќе фотографии и видеа во продолжение:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





