Свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ е дама со младешки дух - беа заедно на настан во Севиља, има специфичен моден стил
- Детали
- среда, 05 февруари 2025
Aнастасија Ражнатовиќ беше прифатена со ширум отворени раце од сложното семејство на Немања Гудељ. Таа се дружи со свекрвата – оди на модни настани, објавува видеа од неа и ѝ честита роденден со заеднички фотки на Инстаграм.
Aнастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уште од почетокот на врската беа нераздвојни, а неговотo семејство ја прифати пејачката со ширум отворени раце.
Тие брзо почнаа да живеат заедно и Анастасија се пресели во Шпанија во име на љубовта.
Сега, таа беше на моден настан во Севиља со золвата Вања (сестрата на Немања) и свекрвата Оливера Гудељ (мајката на Немања).
Анастасија сподели неколку фотографии на Инстаграм од нивниот изглед на црвениот тепих.
Мајката на Немања и во оваа пригода имаше специфичен аутфит од кој се чувствува нејзината младешка енергија.
Немања е навистина близок со мајка си и не пропушта пригода на Инстаграм да ѝ честита роденден или да објави некоја фотографија со неа.
Пред една седмица и Анастасија го направи тоа, па со заедничка фотографија ѝ го честиташе роденденот на Оливера.
Неодамна таа објави и видео од прослава во Шпанија на која мајката и таткото на Немања танцуваат заедно и уште еднаш покажуваат колку сложно семејство се.