Новак Ѓоковиќ нацрта срце на камерата - победата на мечот ја посвети на прегазената студентка во Белград (видео)
- Детали
- петок, 17 јануари 2025
По напорниот меч на Австралија Опен, Новак на камерата нацрта срце и напиша „За Соња“, па победата ѝ ја посвети на девојката која беше „качена“ на автомобил и повредена на студентските протести во Белград.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со голема мака, во три сета победи против Томаш Махач во третото коло на Австралија Опен и се пласираше во четвртфиналето на првиот Гренд слем во годината.
Иако беше изморен и нервозен од тоа што работите не му одеа според планот, тој сепак на крајот на мечот го прифати фломастерот од организаторите на турнирот, па се потпиша на една од камерите што вршеа директен пренос.
Тој на камерата напиша „За Соња“ и нацрта срце, а победата ѝ ја посвети на младата бруцошка од Правниот факултет.
Taa вчера беше прегазена во текот на студентските блокади во градот.
По немилиот настан кој се случи вчера, на социјалните мрежи почна да се споделува видео на кое возач поминува со автомобилот низ толпата и удира девојка која стои на тротоарот.
Девојката заврши на кровот на автомобилот, од каде се преврте и падна на улица.
Таа заврши со сериозни повреди на Ургентниот центар во Белград, а полицијата за брзо време успеа да го пронајде возачот кој избега од местото на несреќата.
Погледнете го вознемирувачкото видео ТУКА.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





