Татко ѝ се самоубил, чека дете со хрватски актер – Факти за актерката Јована Стојилковиќ
- Детали
- недела, 24 ноември 2024
Сите ѝ велеле да го следи славниот дечко кој станал кошаркар во НБА и да си замине од Србија, но таа останала во Белград. Денес е во врска со познат Хрват со кого го чека првото дете. Што знаеме за српската актерка Јована Стојилковиќ?
Јована Стојилковиќ е една од најпознатите актерки во српските ТВ серии и филмови во моментов. Најмногу се прослави со улогата во филмот „Јужни ветар“, каде ја глуми партнерката на Петар Мараш (Милош Биковиќ), а благодарение на талентот и харизмата за неа ќе слушаме уште многу.
Српскиот актер Вук Костиќ за Јована рече дека е вистинска професионалка и дека снимањето на љубовните сцени со неа одело многу лесно.
Јована е мошне приватна личност која не сака да зборува за својот интимен живот, но сепак голем број информации за неа се познати во јавност.
Јована е родена и пораснала во Белград. Таа е ќерка на српскиот правник и универзитетски професор Владимир Стојилковиќ од неговиот прв брак.
Од вториот брак на татко ѝ, Јована има двајца полубраќа.
Уште како дете, Јована почнала да посетува часови по глума, во школата на Ненад Ненадовиќ, а на 11 години играла во серијата Mali položajnik, а кога била во трета година средно образование ја добила првата улога во филмот Klip.
Во една пригода рече дека на часови по глума почнала да оди заради мајка ѝ, затоа што дома била мошне темпераментна, но кога и да излезеле била мошне срамежливо и повлечено дете.
„Вредеше што ме носеше на часови и што ме чекаше.
Таму се дружевме убаво и таму стекнав една од најдобрите пријателки“ – рече во една пригода актерката.
Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград, по што имала голем број театарски и филмски улоги.
Во 2002-ра година, кога имала само 20 години, семејството на Јована се соочило со трагедија. Прво нејзината баба, Јелисавета Стојилковиќ си го одзела животот.