Детето-убиец од „Рибникар“ добива статус на жртва – Нов пресврт во судењето против родителите на Кецмановиќ

„Со проширувањето на обвиненијата против родителите, Коста добива статус на жртва“ – вели адвокатката на родителите на Кецмановиќ. Што изјави наставничката која покрена приватна тужба против родителите на детето-убиец и зошто денешното рочиште е одложено?

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-01.jpg

Покрај кривичната постапка што државата ja води против родителите на Коста Кецмановиќ од српското училиште „Владислав Рибникар“, кој минатата година на 3-ти мај усмрти деветмина ученици и вработениот во обезбедување, против нив се покренати и приватни тужби, за кои се водат парнични постапки.

Денес (01.11) започна првото рочиште од тужбата што против Владимир и Миљана Кецмановиќ, го покрена наставничката Татјана Стевановиќ, која беше застрелана тој кобен 3-ти мај.

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-02.jpgФото: Танјуг - Принтскрин

На денешното рочиште, наставничката по историја која беше меѓу повредените во масакрот, раскажа што се случило тој 3-ти мај, но и колку време ѝ било потребно за да се врати на нозе.

Таа вели дека денот започнал нормално, како и секој друг, а дека кога ги слушнала истрелите мислела дека осмодделенците фрлаат петарди.

„Тој звук продолжуваше да се слуша. Во еден миг сите бевме вкочанети, како хипнотизирани.

Ништо не се слушаше, а потоа во ходникот се слушна вресок“ – раскажува таа и вели дека во следниот миг вратата нагло била отворена, а таа не стигнала ниту да се сврти кога била погодена во стомакот.

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-03.jpg

Наставничката била застрелана во стомакот, а куршумот завршил во колкот и ѝ го оштетил нервот.

На двете раце имала прострелни рани, а на подлактницата на десната рака ѝ била вградена плочка, додека заради повредата на нервите на левата рака, не ја чувствува левата дланка.

Наставничката поминала осум месеци во болница, од кои шест месеци била неподвижна, а рече дека траумата од тој кобен ден сè уште е длабоко присутна.

„Чувствувам страв секој ден. Скокам на огномет, на ненадејни ситуации кога ќе видам оружје на филм.

Сè ме вознемирува, дури и она што претходно не ме вознемируваше“ – рече таа.

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-06.jpg

Нагласи дека Коста бил примерно дете, примерен и добар ученик и дека никогаш немала потреба да ги повика неговите родители, и дека не ги познавала.

Таа бара да ѝ се надомести нематеријалната штета по претрпената физичка болка, претрпениот страв, намалената животна активност и нагрденост.

Судењето од кривичната постапка, што ја води државата, пак, беше одложено за 20-ти декември, затоа што има нов пресврт на настаните.

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-07.JPG

Имено, обвинителите побараа против родителите на Коста да се покрене уште едно обвинение, за кривично дело занемарување и злоставување на дете, а одбраната на обвинетите побара судењето да биде одложено за да има можност да се запознае со обвинението.

Родителите на Коста на следното рочиште треба да се изјаснат за вината и да ја изнесат одбраната.

deteto-ubiec-od-ribnikar-dobiva-status-na-zhrtva-nov-presvrt-vo-sudenjeto-protiv-roditelite-na-kecmanovikj-04.jpg

Бранителката на родителите на Коста, Ирина Боровиќ, вели дека со проширувањето на обвинението детето-убиец добило статус на жртва.

За потсетување, во изминатите рочишта Коста сведочеше и одговараше на прашања на родителите на убиените деца и на адвокатите, а неговите изјави не одеа во прилог за родителите.

Прочитај „Татко ми ми рече дека сум психопат – сакав сите така да ме помнат“ – Сведочење на детето-убиец од „Рибникар“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Српски психолози за детето-убиец од „Рибникар“ – Дали воспитувањето на родителите може да создаде мо... „Дали навистина родителите се виновни за однесувањето на детето-убиец?“, „Дали н...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
„Бресквице, што ти се случи?“ – Фановите разочарани откако пејачката почна да пее песни од Аца Лукас „Што ти се случило?“ – ја прашуваат фановите Бресквица откако таа одлучи целосно...
Српска инфлуенсерка со исповед: „Мајка ми ме оставила како бебе – се изборив со депресијата и суицид... „Мајка ми забременила на Косово во 90-тите години. Сите знаеме каква била ситуац...
„Едвај ја влечев“ – Исповед на мајката херој Лејла, која пливала 3km за да ја спаси ќерката од попла... „Почувствувавме кога куќата почна да се ниша, еднаш, двапати, а на третиот удар ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg