„Татко ми ми рече дека сум психопат – сакав сите така да ме помнат“ – Сведочење на детето-убиец од „Рибникар“

„Не сакав полицијата да ме убие“ – Детето-убиец од „Рибникар“ вчера четири часа сведочеше во судница во рамки на случајот што се води против неговите родители, а од дел од неговите изјави јавноста во регионот остана целосно збунета. Тој појасни зошто го фрлил оружјето, но и зошто за себе смета дека е психопат.

tatko-mi-mi-reche-deka-sum-psihopat-sakav-site-taka-da-me-pomnat-svedochenje-na-deteto-ubiec-od-ribnikar-01.jpg

Детето-убиец кое минатата година на 3-ти мај уби деветмина соученици во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград вчера (17.10) сведочеше повторно во судницата во Специјалниот суд.

Иако судењето е затворено за јавност, српските медиуми повикувајќи се на изјави на очевидци изнесуваат детали од неговото сведочење, и од одговорите што тој им ги давал на родителите на убиените деца.

Според изјавите на присутните во судницата, 14-годишниот Коста Кецмановиќ пред присутните одговарал ладнокрвно и без емоции, а како што пренесува српски „Blic“ кога го прашале зошто ги убил врсниците, присутните останале вџашени од неговиот одговор.

„Рече дека сакал луѓето да го доживуваат како психопат и да остане запаметен“ – пишува весникот.

tatko-mi-mi-reche-deka-sum-psihopat-sakav-site-taka-da-me-pomnat-svedochenje-na-deteto-ubiec-od-ribnikar-02.jpg

На прашањето дали некој некогаш му рекол дека е психопат, Коста рекол дека тоа му го кажал татко му.

Тој повторно нагласил дека родителите постојано го терале да биде најдобар во сè, но и дека масакрот никогаш немало да се случи ако татко му немал оружје и не го носел во стрeлиште да пука.

„На прашањата дали би ги убил врсниците ако немал оружје и ако татко му не го водел во стрелиште, тој повтори дека немало да го стори тоа.

Наведе и дека немало да оди во стрелиште по првата посета ако не го фалеле дека е добар во гаѓање“ – пишува српски Курир, повикувајќи се на сопствени извори.

tatko-mi-mi-reche-deka-sum-psihopat-sakav-site-taka-da-me-pomnat-svedochenje-na-deteto-ubiec-od-ribnikar-04.jpg

Прочитајте и „Среќо наша, не знаевме дека злото демне“ - Потресна објава на мајка на девојче убиено во српското училиште „Рибникар“

Тој се држи до приказната дека мета му биле учениците и од седмо одделение затоа што се чувствувал отфрлено и неценето, а рекол дека немал воопшто другари, па дека не му биле пријатели ниту децата што доаѓале во неговиот дом.

На голем број од прашањата поставени во судницата, Коста одговарал со: „Не знам и не се сеќавам“, но кога го прашале зошто ја извадил муницијата и го фрлил пиштолот кога дошла полицијата, тој ладнокрвно одговорил:

„Заради лична безбедност, за полицијата да не ме убие“.

svedochenje-na-kosta-kecmanovikj-za-masakrot-vo-ribnikar-04_copy.jpg

Инаку, Коста вчера четири часа давал исказ пред Специјалниот суд.

За потсетување, тој не е обвинет во процесот, туку има улога на сведок во постапката што се води против неговите родители Владимир и Миљана Кецмановиќ.

Татко му е обвинет за тешко дело против општата сигурност, затоа што го носел синот во стрелиште, го учел да пука и му обезбедил пристап до оружје, додека мајка му е обвинета за незаконско држење оружје.

Инаку, Коста во моментов се наоѓа во психијатриска болница и му е забранет секаков контакт со родителите.

Прочитајте и Српски психолози за детето-убиец од „Рибникар“ – Дали воспитувањето на родителите може да создаде монструм?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Татко ѝ играше во документарец за српската мафија, беше осуден на затвор – Која е новата Мис Србија,... Татко ѝ играл со Кристијан Голубовиќ во документарецот за српската мафија од 90-...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg