Родителите му починаа во 4 дена, има две посвоени ќерки - Животната приказна на Сергеј Четковиќ
- Детали
- сабота, 01 февруари 2025
Маркантен, висок, згоден - Сергеј Четковиќ е сон на многу жени. Но, пејачот има очи само за сопругата Кристина, во која е лудо вљубен и по 26 години брак. Што знаеме за познатиот црногорски музичар?
Цели две и пол децении Сергеј Четковиќ е еден од најпопуларните пејачи во Црна Гора, но и меѓу омилените во регионот.
Неговиот живот, а и кариерата, се чини се беспрекорни - без скандали кои би му го извалкале името.
Тој е шармантен и маркантен, висок, згоден, сон на многу жени.
Но, пејачот има очи само за сопругата Кристина, со која е во љубов долги години.
Освен со изгледот, Сергеј привлекува и со песните кои ги пее со неверојатна емоција.
Но, иако е долго време во јавноста, пејачот избира да не зборува многу за приватноста, а неговите песни да бидат оние по што публиката ќе го сака и почитува.
Што знаеме за црногорската музичка ѕвезда?
Роден е на 8 март 1976 година во Титоград (денешна Подгорица) во времето на СФРЈ.
За себе често знае да каже дека е Југословен, а не Црногорец.
Пејачот има уште двајца браќа - Игор и Срѓан.
Татко му бил познат автомобилист, Слободан Четковиќ, кој најголемите успеси во кариерата ги имал на крајот на 1960-те години.
Професионално почнал да се занимава со музика во тинејџерските години.
Најпрво бил клавијатурист и пратечки вокал во групата „Ватрена срца“, а потоа и во бендот „Амфитеатар“.
По распаѓањето на овој бенд, Сергеј решил да почне соло кариера.
Првиот настап го имал во 1998 година на фестивалот „Сунчане скале“ со песната „Била си ружа“.
Во 2005-та, Сергеј го сними својот трет албум, а на него се најде песната „Погледи у таму“, која му донесе популарност во целиот регион.
Оваа песна и денес е омилена на многу негови обожаватели.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





