Си го променила личниот опис, гласини дека е бисексуалка – Што знаеме за популарната пејачка Сенидах?
- Детали
- сабота, 26 октомври 2024
Кога била мала, татко ѝ починал во сообраќајна несреќа, а сестра ѝ била во кома… Најсилно ја погодила смртта на мајка ѝ која починала кога пејачката имала само 27 години, па со месеци не излегувала од дома. Што знаеме за Сенидах, трап пејачката која е една од ретките што не пее на аутотјун?
Меѓу морето музички ѕвезди кои пеат на аутотјун, се чини дека Сенидах (39) е една од ретките балкански пејачи која може да се пофали со неповторлив и природен глас за пеење, а заради смелиот стајлинг и провокативните видеоспотови често ја споредуваат со Лејди Гага.
Сенидах често го менува стилот и имиџот, па можеме да ја видиме во секакви изданија: во провокативни фустани и бикини, до целосно природни изданија каде позира без грам шминка.
Таа ретко зборува за својот приватен живот, но во балканските и словенските медиуми често се објавуваат информации од луѓето коишто ја познаваат уште од детството.
Во продолжение неколку интересни факти за Сенидах што можеби не сте ги знаеле:
Сенидах е родена како Сенидах Хајдарпашиќ во 1985-та година во Љубљана, Словенија, но нејзините родители се со потекло од Црна Гора.
Постојат легенди дека татко ѝ потекнува од семејството на славниот Хајдар Паша Селим кој дошол во Бихор во 1689-та година со цел да ја задуши побуната на христијанското население таму.
Денес се верува дека негови наследници живеат во Црна Гора, Србија, Босна и Турција.
Кога пејачката била многу мало девојче, семејството имало тешка сообраќајна несреќа во која починал татко ѝ, мајка ѝ се здобила со тешки повреди, а сестра ѝ била во кома. Нејзините блиски веруваат дека таа никогаш не закрепнала од оваа трагедија.
Во 2012-та година Сенидах доживеала уште една голема трагедија кога починала мајка ѝ, која ѝ била најголема поддршка во животот.
Според изјави на блиските, во тој период Сенида се заклучила во станот и со месеци не излегувала оттаму.
„Поминаа 10 години откако почина. Не е лесно. Навистина не е лесно ниту денес.
Мислиш дека нема да преживееш и си мислиш дека ако нешто ѝ се случи и ти ќе си заминеш со неа…
Но, на крај остануваш овде и продолжуваш“ – рече Сенида во изјава за медиумите.