Србинка скрила пари во бебешки производи за мајки да се израдуваат – очекувано, продавницата е демолирана

„Мислев дека ова е нешто добро за мајките, а не клошарите да ги земат парите и да одат на пиво“ – порача дрско српската инфлуенсерка Анѓела Симиќ, која се снимаше како остава пари во производи за бебиња, а неколку дена по неа продавницата била демолирана.

srbinka-skrila-pari-vo-bebeshki-proizvodi-za-majki-da-se-izraduvaat-ochekuvano-prodavnicata-e-demolirana-01.jpg

На ТикТок во последните неколку месеци меѓу младите мајки многу е популарен трендот „She deserved the purse“ (Таа ја заслужува чантата) според кој мајките што се финансиски моќни оставаат пари во некои од производите за бебиња, со цел да им овозможат на другите жени да си купат нешто за себе.

srbinka-skrila-pari-vo-bebeshki-proizvodi-za-majki-da-se-izraduvaat-ochekuvano-prodavnicata-e-demolirana-02_copy.jpg

Трендот во светски рамки започна, откако Данеша Гонзалез од САД, објави кратко видео на кое се гледа како случајно нашла убава чанта меѓу детските производи, но морала да одолее и да не ја купи за да има доволно пари за работите што ѝ се неопходни за бебето.

По објавата на нејзиното видео, кое допре до мајките од целиот свет, жените почнаа нов тренд на интернет во којшто одат во познати продавници за бебешка опрема и оставаат пари во производите.

Истото добро дело сакаше да го направи и српската инфлуенсерка Анѓела Симиќ, која во позната продавница за бебешка опрема во Белград се снимаше како остава пари во некои од производите, со цел некои мајки случајно да ги пронајдат и да се почестат со нешто за себе.

„Би сакала овој тренд да заживее и ние жените да бидеме меѓусебно солидарни“ – им порача таа на мајките.

@andjelasimsic

Podrska novim i buducim majkama - “SHE DESERVED THE PURSE” 🩷🩵🩷🩵 Hajde da budemo solidarni i nekome barem malo ulepsamo dan. 🥰 🎥 @jo.cke #fypシ゚viral #srbija #beograd #serbia #fyp #foryoupage #trending #trend #serbia🇷🇸 #srbijatiktok #srbija🇷🇸 #balkantiktok #balkan #explore #momsoftiktok #support #momtok #explorepage #explorepage✨ #supportlocal #vlog #dailylife #balkanfyp #fypage #girlpower #girlboss #movement

♬ Señorita - Instrumental - INST

Но, неколку дена подоцна, Ангела објави видео во кое кажа дека е разочарана од последиците што ги предизвикало нејзиното добро дело.

srbinka-skrila-pari-vo-bebeshki-proizvodi-za-majki-da-se-izraduvaat-ochekuvano-prodavnicata-e-demolirana-03.jpg

Таа појасни дека од продавницата ѝ испратиле порака дека луѓето доаѓале и ги отворале производите и ги уништиле кутиите.

„Навистина не знам што е со нашиот народ. Не ни можев да помислам дека ќе дојдат некои луѓе и ќе ја демолираат продавницата за бебиња.

Мојата намера не беше лоша, но очигледно работите излегле од контрола. Не ни знаев дека толку голем број луѓе ќе го видат тоа видео“ – вели таа.

@andjelasimsic

Dno je dno ocigledno #fypシ゚viral #foryoupage #trending #trends #beograd #aksa #srbijatiktok #srbija🇷🇸 #kids #aupport #serbia #womenempowerment #womensrights

♬ original sound - ANDJELA SIMSIC

Инаку, демолирањето на продавниците не се случува само во Србија.

На ТикТок често се објавуваат видеа од отворени и уништени производи за бебиња во продавници во САД, во продавници каде што инфлуенсерки се обиделе да го спроведат трендот.

@valeriadiher

Its never that serious. This “she deserved the purse trend” was meant to help parents in need and it went south so fast. #momsoftiktok #shedeservedthepurse #babytok #babytiktok #pregnancytiktok #firsttimemom #babyboy #newmom #newbornbaby #target

♬ original sound - Valeria | SAHM

@roxi_vela

Going to Target and seeing all the opened boxes because of the “She deserved the purse” trend is heartbreaking. Heartbreaking that people ruin the good gestures. Please stop ruining it for the MOMMAs and PAPPAs that really do need it! #shedeservedthepurse #singlemom #singleparent #target #momsoftiktok #fyp

♬ original sound - 𝙅𝙖𝙘𝙤𝙗🇵🇱

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Ја „фатија“ во афера со фудбалер, па сега „ја омажија“ - Сите гласини за љубовниот живот на Ивана Ни... Минатага година се најде среде скандал кога сите српски таблоиди пишуваа дека ко...
„Едвај ја влечев“ – Исповед на мајката херој Лејла, која пливала 3km за да ја спаси ќерката од попла... „Почувствувавме кога куќата почна да се ниша, еднаш, двапати, а на третиот удар ...
„Бресквице, што ти се случи?“ – Фановите разочарани откако пејачката почна да пее песни од Аца Лукас „Што ти се случило?“ – ја прашуваат фановите Бресквица откако таа одлучи целосно...
Се сеќавате ли на згодната српска пекарка од Varljivo leto ’68 – Како изгледа актерката во седмата д... Ја паметите ли Јагодинка од „Varljivo letо '68“? Иако работела на многу други пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg