Скандалозно српско семејство направи откривање на полот на бебето на Авалската кула (видео)

Адам Адактар очекува 4-то дете по ред за 4 години, а на сите деца им дава имиња на буквата „А“. Начинот на откривање на полот на бебето поттикна лавина од реакции.

skandalozno-srpsko-semejstvo-napravi-otkrivanje-na-polot-na-bebeto-na-avalskata-kula-video-01.jpg

Адам Адактар oд Чачак е српски претприемач, а популарност стекнал благодарение на реалното шоу „Адактарови“.

Себеси се нарекува „Бог на веѓите“ и покрај тоа што има свој салон, често патува, купува скапи автомобили и облека и се фали со луксуз.

skandalozno-srpsko-semejstvo-napravi-otkrivanje-na-polot-na-bebeto-na-avalskata-kula-video-03.jpg

Има три деца, а сега неговата сопруга Анџела е трудна со нивното четврто дете.

По двата сина Азија и Ара и ќерката Арена, тие повторно очекуваат девојче, кое сигурно ќе добие име на буквата „А“, како и претходните три.

skandalozno-srpsko-semejstvo-napravi-otkrivanje-na-polot-na-bebeto-na-avalskata-kula-video-06.jpg

Адактар ​​ги полни насловните страници не само со својата работа, туку и со арогантното однесување и промовирањето некултура. 

Ова семејство го нарекуваат и Кардашијанс од Србија.

skandalozno-srpsko-semejstvo-napravi-otkrivanje-na-polot-na-bebeto-na-avalskata-kula-video-04.jpg

Последниот потег со кој Адам повторно крена прашина е откривањето на полот на неговото 4-то дете, кое го направи на кулата на Авала.

Овој екстравагантен начин на откривање на полот сигурно воопшто не бил евтин, коментираат следбениците на Адам.

skandalozno-srpsko-semejstvo-napravi-otkrivanje-na-polot-na-bebeto-na-avalskata-kula-video-02.jpg

Розовата боја на кулата и огнометот означија дека Адам очекува девојче.

Кога ја најави бременоста на сопругата, Адам откри дека му се чини дека живее во оскаровски филм, а неговата сопруга е подеднакво луда како и тој, и дека 4 деца за 4 години, ниту една друга не би можела да му подари.

Инаку, Авалската кула е телекомуникациска кула, висока 204.68 метри, сместена на планината Авала, во Белград.

Видео од откривањето на полот:

Прочитајте и Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg