Се фали со луксуз, го нарекуваат арогантен: Кој е Адам Адактар чиј салон за убавина го посетуваат најголемите српските ѕвезди?
- Детали
- недела, 31 декември 2023
Студирал уметност, го продолжил бизнисот на мајка му, а денес неговиот салон за убавина го посетуваат најголемите српски ѕвезди – Кој е Адам Адактар кој самиот се нарекува „бог на веѓите“?
Адам Адактар е српски претприемач, а популарност стекнал благодарение на реалното шоу „Адактарови“.
Себеси се нарекува „Бог на веѓите“ и покрај тоа што има свој салон, често патува, купува скапи автомобили и облека и се фали со луксуз.
Роден е во Чачак на 3 февруари во 1998 година како Адам Марјановиќ.
Растел со својата мајка, баба му Надалина, неговата сестра Викторија и тетката Вања.
Целото семејство ги сменило имињата и презимињата за сите да започнуваат на буквата „А“.
Богатството на Адактар е стекнато од неколку успешни бизниси.
Неговата мајка Алис која е родена, како Бобана Ѓокиќ, според пишувањата на српските медиуми, уште во 1994 година отворила козметички салон во Чачак.
Бизнисот се ширел, па Адам во 2017 година отворил козметички салон во Белград.
Една година подоцна, Адам започнал да организира едукации низ цела Европа.
Адактар најпрво биле препознатливи по тетовирањето веѓи, а набрзо асортиманот на услугите го прошириле на вбризгување ботокс и други помали естетски интервенции.
Нивни клиенти се најпознатите имиња од српската естрада.
Тој вели дека на секој клиент му посветува еднакво внимание, без оглед дали станува збор за некоја популарна личност или не.
Набрзо влегуваат во бизнис со козметика и продажба на козметички апарати, а Адактар стануваат косопственици на еден познат белградски ресторан.
По завршување на средното образование, студирал уметност, а токму на факултет ја запознал денешната невенчана сопруга.
Со Анџела, која има руско потекло, има три деца, двата сина Азија и Ара и ќерката Арена.
Во едно интервју истакна дека тој и Анџела ќе се венчаат кога ќе бидат заедно 10 години и на свадбата ќе им пее Бијонсе.