Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица
- Детали
- сабота, 28 септември 2024
„Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или ако ви каже дека не вреди да го продаде станот за вашето лекување?“ – писателката Исидора Бјелица при крајот на животот си ја отвори душата за односот со мајка ѝ. За нејзината тажна приказна и до ден-денес се зборува.
Српската писателка Исидора Бјелица седум години важеше за жена која лавовски се бори со ракот, и која не дозволуваше болеста да ја покори.
Препознатлива по шапките, елегантниот стил и елоквентноста во изразувањето, таа беше една од омилените личности во Србија, а и регионот.
Таа беше меѓу првите јавни личности што јавно зборуваше за тешката борба со болеста, а своевремено важеше и за контроверзна личност заради напредните и авангардни ставови.
„Јас знам дека Балканот е примитивна средина, каде што се очекува, кога некој има ваква дијагноза да се повлече и да молчи.
Јас морам да се повлечам и достоинствено да умрам, никој да не ме види. Тоа е Балканот“ – рече таа во една пригода.
Во продолжение неколку интересни факти за писателката што можеби не сте ги знаеле:
Исидора се родила на 10-ти декември, 1967-ма година во Сараево.
Таа е ќерка на познатиот шаховски велемајстор и новинар Димитрије Бјелица, а нејзиниот дедо по мајка, Душан Ѓуровиќ ја учел на конзервативните вредности и ја научил да чита и пишува на 4 години.
Дедо ѝ бил претседател на Здружението на книжевници, па во неговиот стан чести гости биле писателите Иво Андриќ и Меша Селимовиќ. Кај татко ѝ на гости, во нејзиниот дом биле и Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.
Во 1986-та година ја објавила својата книга насловена Prvi probuđeni, за која добила и награда. Но, истата година приредила и роденденска забава, позната како „Бал на црните кошули“, која на нејзиното семејство целосно ќе му го промени животот.
Исидора верувала дека тогашната власт ја прислушувала и ја следела, затоа што се залагала за демократија, па по забавата била приведена затоа што се залагала за укинување на војниот рок и прекин на дискриминацијата на геј популацијата, што било спротивно на тогашниот режим.