Која е бугарската пејачка што му пееше на Ноле „на увце“ во Софија – настапувала во наши дискотеки, се сликала за „Плејбој“

Во минатото настапувала и во македонските клубови и дискотеки, а цел регион дозна за неа откако нејзината песна беше искористена за филмот „Јужни ветар“ – Која е бугарската пејачка Камелија, која на Ноле му пееше на увце во Бугарија?

koja-e-bugarskata-pejachka-shto-mu-peeshe-na-nole-na-uvce-vo-sofija-nastapuvala-vo-makedonski-diskoteki-se-slikata-za-plejboj-01.jpg

Минатата недела, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ во Бугарија одигра егзибициски хуманитарен меч со бугарскиот тенисер Григор Димитров, а за забавата којашто следувала потоа, сè уште се зборува како во српските, така и во бугарските медиуми.

koja-e-bugarskata-pejachka-shto-mu-peeshe-na-nole-na-uvce-vo-sofija-nastapuvala-vo-makedonski-diskoteki-se-slikata-za-plejboj-04.jpg

По мечот, во чест на Ноле била организирана забава во една дискотека во Софија, каде што присуствувал и градоначалникот на главниот град на нашиот источен сосед.

Ноле беше главен лик во видеата што се споделуваа на социјалните мрежи, а на нив се гледа како тој се забавува за време на изведбата на пејачката Камелија Владимирова Вескова, која на увце му пееше голем број бугарски и српски хитови.

@hitovetesatuk1

Ето това е истинска звезда!🤩 Камелия пя на живо “Луда по тебе” на @djokernole и @grigordimitrov снощи в София!😍❤️ #Kamelia #novakdjokovic #grigordimitrov #sofia #arenasofia #fyp #bulgaria #serbia #НовакДжокович #ГригорДимитров #fypシ゚

♬ original sound - hitovetesatuk

Според дел од соседните медиуми, Ноле за лудата забава којашто траела до раните утрински часови одвоил 10.000 евра.

Наводно, пејачката настапила на барање на тенисерот, иако во тој момент не била во Софија, па одлучила да дојде специјално за да му запее на најдобриот тенисер во светот.

Инаку, Камелија на публиката во регионот ѝ стана позната откако нејзината песна „Луда по тебе“ беше искористена за хит филмот „Јужни ветар“, во кој глумеше Милош Биковиќ.

Таа за овој свој голем хит го искористила текстот од песната „Луда за тобом“ на Лепа Брена, а музиката е од грчки композитори.

Кликнете на објавата за да го погледнете видеото:

Бугарската пејачка кариерата ја започнала уште во 1997-ма година, а следната година го издала својот прв албум.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанс... Јавноста дозна дека на 22 години Лука Јовиќ стана татко и доби син, а само 4 мес...
Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
Swarovski ѓердан од 550 евра – Колку чини стајлингот на Цеца во спотот за дуетот со Жељко Јоксимовиќ... Дури и кога се појавува во скромни аутфити, Цеца знае изгледот да го надополни с...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Четка за тоалет од 700 евра, радијатори - уметност: Како изгледа стан од 1 милион евра во „Белград н... Еден радијатор во овој стан чини 3.000 евра, но тие навистина наликуваат на умет...
„Бресквице, што ти се случи?“ – Фановите разочарани откако пејачката почна да пее песни од Аца Лукас „Што ти се случило?“ – ја прашуваат фановите Бресквица откако таа одлучи целосно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg