Која е бугарската пејачка што му пееше на Ноле „на увце“ во Софија – настапувала во наши дискотеки, се сликала за „Плејбој“
Таа двапати позирала за магазинот „Плејбој“ во 2006-та и 2008-ма година, кога имаше турнеја и во повеќе македонски клубови и локали.
Доказ дека Камелија ужива голема популарност во родната земја е и тоа што таа беше жири во едно талент-шоу, а беше водителка и на изборот за Мис на Бугарија.
На приватен план, пејачката е во долгогодишна врска со нејзиниот партнер Цветин.
Тие двајцата не застанале пред олтар, но 21 година живеат во љубов и важат за еден од најскладните парови на бугарската естрада.
Во март 2023-та година Камелија и Цветин го добија синот Бајан.
Откако претходно таа јавно зборуваше за проблемите за потомство и спонтаните абортуси, низ бугарските таблоиди се ширеа гласини дека наводно тие станале родители со помош на сурогат мајка.
Иако има долгогодишна кариера зад себе, бугарските медиуми пишуваат дека токму настапот со Ноле ѝ донел уште поголема популарност, заради што таа добила огромен број покани за настапи, а благодарение на тоа почнала да бара повисока сума за секое појавување.
Според бугарските таблоиди, во минатото таа наплаќала по околу 1.700 евра за еден час настап, а сега цената ѝ се покачила на 2.500 евра.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело