Ѝ оставал цвеќе пред врата, ја уценувале да се разведе од него – Бурната љубовна приказна на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

За време на нивниот брак постојано имаше гласини за афери од двете страни, но во 2019-та година одекна најголемиот скандал, кога босанскиот фудбалер Огњен Врањеш објави фотки на кои Карлеуша му позира гола.

i-ostaval-cvekje-pred-vrata-ja-ucenuvale-da-se-razvede-od-nego-burnata-ljubovna-prikazna-na-jelena-karleusha-i-dushko-toshikj-19.jpg

Според таблоидите, Јелена го иневерувала Душко со 11 години помладиот фудбалер од неа, речиси 3 години, а таа пак даде изјава за медиумите во која откри дека тој бил нејзина „онлајн грешка“.

„Тоа беше мојата ’онлајн грешка‘, сите имаме по некоја таква, за која јас платив скапо, а која не ја криев од никого, па ниту од Душко.

Реков, се случи. Скапо платив за нешто што беше тажна авантуричка.

Тоа ми беше намерен испад за на некој начин да му се одмаздам на Душко, но на крај сè излезе од контрола.

Имав причини за тоа.

Душко беше како секој млад маж и фудбалер. До мене доаѓаа разни приказни и потоа имав потреба како и секоја жена да му се одмаздам.

Се фатив за црниот ѓавол, кој искористи еден видеоповик, ме фотографираше без мое знаење и дозвола и го испрати до сите медиуми“ – изјави неодамна Јелена.

i-ostaval-cvekje-pred-vrata-ja-ucenuvale-da-se-razvede-od-nego-burnata-ljubovna-prikazna-na-jelena-karleusha-i-dushko-toshikj-12.jpg

Пејачката тврди дека Огњен ја уценувал да се разведе од Душко, па кога таа одбила, ги објавил фотките во медиумите.

Јелена рече дека сама е виновна за распаѓањето на бракот, затоа што таа му простила на Душко за неверствата, но тој не можел да премине преку медиумскиот срам кој со месеци се провлекуваше во регионот.

i-ostaval-cvekje-pred-vrata-ja-ucenuvale-da-se-razvede-od-nego-burnata-ljubovna-prikazna-na-jelena-karleusha-i-dushko-toshikj-14.jpg

Јелена и Душко уште неколку години се трудеа да покажат дека се во одлични односи и дека не дозволиле гласините за афери да им го нарушат бракот, но во 2022-ра година, непосредно откако завршија со реновирањето на луксузната вила вредна 2,5 милиони евра, Јелена објави дека се разделиле.

i-ostaval-cvekje-pred-vrata-ja-ucenuvale-da-se-razvede-od-nego-burnata-ljubovna-prikazna-na-jelena-karleusha-i-dushko-toshikj-10.jpg

Парот две години не можеше да постигне спогодбен развод, а во медиумите постојано се појавуваа натписи и прозивки.

Така пред неколку месеци, Душко се најде среде скандал кога Северина ги објави пораките со кои тој ѝ се додворувал, а само неколку недели подоцна Јелена го пријави за семејно насилство кога беше откриено дека ја кубел за коса додека таа била со пријател.

i-ostaval-cvekje-pred-vrata-ja-ucenuvale-da-se-razvede-od-nego-burnata-ljubovna-prikazna-na-jelena-karleusha-i-dushko-toshikj-03.jpg

По разводот, познато е дека Јелена ќе ја задржи луксузната вила, додека становите во Белград ќе им припаднат на децата. Освен тоа, додека да наполнат 21 година, Душко ќе мора да ги подмирува сите трошоци за образованието на ќерките и да им плаќа за зимски и летни одмори.

i-ostaval-cvekje-pred-vrata-ja-ucenuvale-da-se-razvede-od-nego-burnata-ljubovna-prikazna-na-jelena-karleusha-i-dushko-toshikj-21.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg