Ја влечел за коса и ја удирал, откако во домот ја нашол со пријател – Нов скандал меѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ
- Детали
- понеделник, 10 јуни 2024
Еден ден пред да ја прослават полуматурата на ќерката, Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша станаа топ тема во сите српски медиуми заради насилство во домот. Наводно фудбалерот го нападнал прво пријателот со кого таа била во домот, а потоа се пресметал и со неа.
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ никако да ги смират страстите. Во српските медиуми топ тема е пријавата на српската пејачка против нејзиниот сопруг, кој наводно физички ја нападнал и ја малтретирал.
Во саботата (08.06) во сите српски медиуми беше објавена веста дека Душко Тошиќ физички ја нападнал сопругата, со која сѐ уште е во брак, Јелена Карлеуша.
Како што пишува српски Курир, полицијата веднаш била повикана на терен и ја затекнала Јелена со нејзиниот пријател Н. Ј. во домот на пејачката.
Според нивните изјави, Тошиќ дошол во семејната куќа и со сопствен клуч ја отворил вратата, а кога го затекнал таму пријателот на Јелена – го фатил за врат и повеќепати го удрил по телото и главата.
Јелена се обидела да ги раздвои, но Душко во тој миг почнал да ја влече за коса и неколкупати ја удрил по телото и главата.
Додека веста беше објавена во сите српски медиуми, Јелена на Инстаграм Стори побара поголемо разбирање од јавноста.
„Со цел смирување на медиумските натписи и непотребното кревање прашина поврзано со моите брачни прилики, ќе ги замолам сите да имаат повеќе разбирање за приватноста на моето семејство и за тешкиот период во којшто се наоѓаме.
Нема да давам изјави на оваа тема и жал ми е што јавноста е известена за овие работи и покрај тоа што тоа не беше мојата волја. Одиме понатаму, ќе биде подобро. Мора. Ви благодарам на сите“ – напиша Јелена.
Според пишувањата во тамошните медиуми, Душко веднаш бил повикан во полиција на сослушување и деновиве не даваше изјава за јавноста.
Тој на својот Инстаграм профил сподели неколку фотки од нивната ќерка Ника, која следниот ден по инцидентот славеше полуматура.
Ника се појави во елегантен син фустан, а целиот изглед го нaдополни со впечатлива чантичка во форма на јајце.
Јелена Карлеуша пак, откако одлучи да го пријави сопругот за семејно насилство добива голема поддршка од нејзините обожаватели, а на Инстаграм Стори ја објави пораката што ја добила од Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.
Прочитајте и Душко Тошиќ ѝ праќал пораки на Северина, сакал да му пее на јахта – Пораките заради кои бившиот на Карлеуша стана хит на Твитер
Б. С. Б. | Црнобело