Карлеуша прослави 46-ти роденден и откри дека има нов дечко: „Третата свадба ќе биде лудница, од секој бивши имам прстен“

„Мене секој маж со којшто сум била ме запросил. Едно време ги собирав тие свршенички прстени, ги имам во некое кутивче, ги чувам сите“ – откри Јелена Карлеуша во големото интервју што го даде по прославата на нејзиниот роденден. Таа откри дека има нов дечко и дека веќе размислува за третата свадба.

jelena-karleusha-za-noviot-dechko-koga-bi-pravela-treta-svadba-toa-bi-bilo-ludnica-sekoj-partner-dosega-mi-dal-prsten-01.jpg

Српската пејачка Јелена Карлеуша, во саботата (17.08) го прослави својот 46-ти роденден, а одлучи истиот ден да ги почести своите фанови со ново изненадување.

Таа го објави видеоспотот за нејзината песна Benga.

На нејзиниот Инстаграм профил се објавени повеќе фотки на кои пејачката позира со големата торта на пет ката, која е декорирана со срциња во различна големина, а за сè да биде усогласено, таа позираше во провокативен црвен стајлинг.

jelena-karleusha-za-noviot-dechko-koga-bi-pravela-treta-svadba-toa-bi-bilo-ludnica-sekoj-partner-dosega-mi-dal-prsten-02.jpg

Набрзо по прославата на роденденот, Карлеуша даде интервју за медиумите во коешто откри дека веќе има нов дечко.

На прашањето на новинарите дали во нејзиниот живот постои некој и дали е вљубена, Јелена накратко одговори:

„Можам да кажам дека постои некој. Но, сè во свое време… Душко и јас долго не сме во односи како сопруг и сопруга, односно повеќе од пет години и би било нереално мене никој да не ми се додворува, мене никој да не ми се допаѓа и некој да не ме прегрнал или да не ме бакнал.

Нe велам дека сум заљубена, но задоволна. Не сум некој што блеска заради некој друг, јас главно блескам кога сум задовoлна самата со себе“.

jelena-karleusha-za-noviot-dechko-koga-bi-pravela-treta-svadba-toa-bi-bilo-ludnica-sekoj-partner-dosega-mi-dal-prsten-03.jpg

Карлеуша одговараше и на други прашања поврзани со нејзиниот приватен живот, па така откри дали по два пропаднати брака би сакала повторно да застане пред олтар.

„Морам да ви кажам една тајна, поточно не тајна, туку вистина. Тоа е дека мене секој маж со којшто сум била ме запросил.

Едно време ги собирав тие свршенички прстени, ги имам во некое кутивче, ги чувам сите. Имам анегдота со првиот сопруг Бојан, со кого неколкупати се свршувавме, па раскинувавме…

jelena-karleusha-za-noviot-dechko-koga-bi-pravela-treta-svadba-toa-bi-bilo-ludnica-sekoj-partner-dosega-mi-dal-prsten-04.jpg

Така што само од него имам неколку прстени и секој нареден од нив беше подобар и подобар, поскап и поскап.

Што се однесува до бракот, кога ќе помислам на него, јас веднаш замислувам како би изгледала венчавката од продукциска смисла.

Мислам дека третиот пат ќе биде вистинска лудница. Никогаш не се знае што носи денот, а што ноќта. Јас не сум како другите жени да сонувам за љубов и страст.

Мене повеќе ме возбудува да одам во шопинг, отколку да имам секс“ – рече Јелена.

jelena-karleusha-za-noviot-dechko-koga-bi-pravela-treta-svadba-toa-bi-bilo-ludnica-sekoj-partner-dosega-mi-dal-prsten-07.jpgЈелена со сопругот Бојан Кариќ

Инаку пејачката засега не го открива идентитетот на нејзиниот нов дечко, а како што рече веќе воопшто не размислува за нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ со кого во моментов води процедура за спогодбен развод на бракот.

Прочитајте Јелена Карлеуша за првпат во 20 години прозборе за аферата што ѝ го уништи првиот брак: „Стрикото ме намести“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg