„Син ми го опече анемона на Тасос“ - Како изгледа изгореницата и што треба да направите за да се заштитите?
Што треба да знаете за анемоните?
Анемоните најчесто се вкотвуваат на камењата и карпите. Тие не пливаат, туку најчесто може да ве опечат ако ги згазите.
Анемоните се движат многу бавно, но никогаш не ги напуштаат карпите. Кога влегувате во вода, треба да сфатите дека вие сте нивни гости. Вие влегувате во нивниот дом, а не обратно.
Затоа, најдобро е кога влегувате во море, на вас да носите сандали за пливање. Особено ако веќе сте слушнале дека на плажата каде што престојувате има од овие морски животни.
Родителите пожелно е да го истражат морското дно во околина со маска за нуркање, за да се осигурат дека нивните деца можат безбедно да си играат во водата.
Болката што ја предизвикува допирот од анемоната зависи од бројот на пипалата што ги има и бројот на цистите што ги поседува за да испушти токсична киселина.
Во зависност од зафатената површина и степенот на изгореница, лузната од допирот може да остане засекогаш.
Што треба да направите ако имате допир со анемона?
Ако ве опече анемона, потребно е веднаш да излезете од водата.
Потребно е да се отстранат остатоците од пипалата на анемоната, но тоа треба да се направи со пластични ракавици или со пластична картичка, а никако со голи раце.
На местото треба да се стават ладни облоги со морска вода, а не со вода за пиење, и местото не смее да се трие.
Добро е веднаш да консултирате лекар, кој ќе ви препорача гел против воспаление или соодветен крем.
Б. С. Б. | Црнобело