Србинка со предупредување: „Во Неос Мармарас дете ќе се удавеше пред очите на татко му, заради маска за нуркање“
- Детали
- понеделник, 12 август 2024
Колку се безбедни пластичните маски за нуркање? Можеме ли секогаш да бидеме сто отсто сигурни дека нашите деца се безбедни со помош на мускули и гуми за пливање? Србинка сподели сведоштво за тоа како едно дете едвај било спасено на плажа во Неос Мармарас, Грција.
На Инстаграм страницата Nikana.gr е објавено сведоштвото на една жена која се затекнала на плажата во Неос Мармарас во Грција, кога сите присутни очајно се обидувале да спасат дете кое за малку ќе се удавело.
„Денес на плажата Paradisos во Неос Мармарас се давеше мало дете и го оживуваа половина час, сѐ додека не дојде брзата помош.
Да не беше тука една жена која некогаш работела во Брза помош, да му даде вештачко дишење, детето немаше да преживее.
Детето инаку нуркаше заедно со татко му со маска, која го прекрива целото лице и му влегла вода во отворот за дишење и веднаш се онесвести.
Не стануваше збор за Срби, но добро е да се напише нешто за тоа колку тие маски се опасни“ – вели жената.
Инаку, ова не е прво сведоштво на очевидци или родители кои стравувале за животот на нивното дете, заради маска за под вода.
Таква е приказната на малиот Кристофер Томилсон кој почина во 2003-та година во семејниот базен.
Малиот Кристофер пливал од негови 4 години, но се плашел да ја стави главата во вода, па родителите му купиле маска за нуркање, со цел да го натераат да почне да оди под вода.
Се верува дека маската за нуркање на детето се наполнила со вода, по што се удавило само за неколку секунди.
Давењето во вода може да трае само околу 20 секунди, а маската која се полни со вода може да биде фатална за малото дете кое паничи и не може да изреагира брзо и да ја извади.
Мајката на малиот Кристофер даде интервју во 2018-та година, па раскажа дека иако таа и сопругот биле во близина на базенот, воопшто не забележале што се случува, откако Кристофер со глава скокнал во базенот и на прв поглед сѐ изгледало нормално.
Постојат неколку правила до кои како родители мора да се придржуваме кога се грижиме за децата во вода:
- Треба да бидеме сигурни дека детето знае прво само да плива под вода, пред да му дадеме маска за нуркање;
- Тоа не треба да се чувствува зависно од маската за да плива под вода и треба да знае дека во секој миг може и треба да ја извади;
- Кога сте во вода, никогаш немојте да им верувате на гумите за пливање, мускулите или маските. Секогаш бидете блиску до детето, за да можете брзо да реагирате;
- Никогаш не му дозволувајте на детето да скокне со глава во вода со маска или очила (затоа што така постои поголема опасност отворот за дишење да се наполни со вода);
- Кога бирате маски, изберете ги оние што се изработени од квалитетни материјали, за кои не постои можност да протечат и подобро е да се користат силиконски маски, наместо ПВЦ;
- Маската не треба да биде ниту премногу стегната, ниту премногу лабава на главата на детето;
- Секогаш внимавајте на знаците на давење. Детето што се дави нема да побара помош, туку најчесто ваквите несреќи поминуваат нечујно!
Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com