Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар?
- Детали
- недела, 21 јули 2024
Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од Ватикан набавил златен стол, вреден 15.000 евра... Кој е Адам Адактар, српскиот самопрогласен „крал на веѓите?“
Името Адам Адактар е многу препознатливо во Србија и се врзува за тамошниот „крал на веѓите“ и човекот којшто го направи првото реално шоу во стилот на Кардашијанс, насловено „Адактарови“.
Адам со години наназад на социјалните мрежи и пред камерите се фали со својот луксузен начин на живот, големата заработка и, секако, со третманите за убавина коишто ги направил на голем број познати српски личности.
Што знаеме за српскиот „крал на веѓите“?
Адам Адактар е српски бизнисмен кој бил роден во Чачак во 1998-ма година, како Адам Марјановиќ. Со партнерката Анѓела има три деца.
Тој бизнисот го наследил од мајка му Алис, која била родена како Бобана Ѓокиќ. Мајка му уште во 1994-та година отворила салон за убавина во Чачак, а продолжила да се занимава со тоа и откако се преселиле во Белград.
Адам од 13 години почнал да работи со мајка му, но тоа не го спречило да дипломира уметност, а токму таму ја запознал и сопругата Анѓела. Со неа тој има три деца, синовите Азија и Ара и ќерката Арена, а има гласини дека другите членови на семејството ги промениле имињата за да им почнуваат на буквата „А“, како Адам.
Тој е познат како „крал на веѓите“ затоа што тетовирал веѓи на голем број познати личности, меѓу кои и на Кеба, Ивана Николиќ, Сања Вучиќ, Николија Јовановиќ...
А, се знае дека „дебело“ наплаќа за своите услуги, па имаше гласини дека на Кеба му наплатил 600 евра за да му го реши проблемот со „гајтан веѓите“.