Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024
Нина Сеничар
Актерката и манекенка Нина Сеничар, која неколку години живее во Холивуд со сопругот Џеј Елис, е бремена со нивното второто дете.
Парот, кој ја има ќерката Нора Грејс, откри дека чека бебе на оскаровската забава на Vanity Fair, каде што Нина го покажа трудничкото стомаче.
Хана Хуљиќ
Сопругата на Петар Грашо, Хана, е вторпат бремена. Парот, кој го чува приватниот живот подалеку од јавноста, веќе ја има ќерката Алба.
Петар им откри на медиумите дека Хана е бремена, додека беше во Скопје во април 2024, бидејќи во тоа време со семејството беше кај нас за да одржи три концерти во Филхармонија.
Сања Кужет
Популарната водителка ужива во третата бременост и наскоро треба да се породи.
Таа и нејзиниот сопруг Немања Живојиновиќ ќе добијат син. Ова е второ дете на парот, а од првиот брак Сања има уште едно дете.
А. Ј. | Црнобело