Никола Роквиќ има полубрат: Татко му го добил пред да се ожени, го признал на барање на сопругата
- Детали
- сабота, 25 мај 2024
Причината што Марко и Никола Роквиќ се блиски со својот полубрат, е нивната мајка Славица. Кога таа дознала дека татко им Маринко има вонбрачен син, инсистирала да го признае и да не го двои од другите двајца синови. Што знаеме за тројцата браќа Роквиќ?
Српскиот пејач Никола Роквиќ последниов месец е една од најзборуваните личности во регионот.
Откако тргна пешки на аџилак од Белград до грчкиот остров Егина, медиумите не престанаа да пишуваат за него, а корисниците на социјалните мрежи да го фалат неговиот голем потфат - желбата преку донации да собере 250.000 евра за купување апарат за дијагностицирање рак за Детската клиника за онкологија во Белград.
Никола е вториот од трите сина на фолк-легендата Маринко Роквиќ. Тој го има помалиот брат Марко, но и полубратот Дарио, кој е постар од него, а е роден од аферата на Маринко со Мила од Сараево.
Тројцата браќа се многу блиски и иако Дарио живее во Канада, ја користи секоја можност да се види со Никола и Марко.
Што знаеме за браќата Роквиќ и нивниот однос?
Причината што Марко и Никола се блиски со својот полубрат е нивната мајка Славица Роквиќ.
Кога дознала дека Маринко има вонбрачен син, инсистирала да го признае и да не го двои од другите двајца синови.
Дарио е роден 1980-та година, по кратката афера на Маринко и неговата мајка Мила. Дури откако пораснал, Дарио дознал кој му е татко.
Во една пригода, Маринко признал дека на почетокот не бил сигурен дали Дарио е негово дете, бидејќи тој никогаш вистински не бил во врска со неговата мајка.
„Се случи тоа што се случи, а Дарио се роди, како да кажам, од една средба. Јас во тоа време не бев оженет.
Но, да го имав овој памет, мислам дека ќе одев веднаш да проверам“, рекол своевремено пејачот.
Маринко во 1984 се оженил со Славица и од тој брак се родиле Никола и Марко. Славица била таа која инсистирала Маринко да го признае Дарио и да создаде хармонија во домот.
А, Дарио ѝ е благодарен поради тоа.
„Тоа што јас и браќата сме ваква ‘тројка’ е вина на нивната мајка. Таа ме водеше со нив на летувања, на новогодишните настапи на Маринко.
Секоја чест, мислам дека друга жена не би ме прифатила така“, изјави еднаш Дарио.