Никола Роквиќ има полубрат: Татко му го добил пред да се ожени, го признал на барање на сопругата

Тој со мајка си живеел во Сараево, но во времето на војната се преселиле во Канада. Сепак, се сеќава на првата средба со Маринко со многу емоции.

„Знаев дека татко ми е пејач и ги слушав неговите песни на касети. Еден ден мајка ми ми кажа дека ќе одиме да го запознаам.

Бев возбуден. Кога се видовме, тој ме гушна и ме бакна.

Следната средба ни беше во Белград. Тогаш веќе имав 9 години и бев малку поопуштен“, раскажал Дарио.

nikola-rokvikj-ima-polubrat-tatko-mu-go-dobil-pred-da-se-ozheni-go-priznal-na-baranje-na-soprugata-05.jpg

Тој и денес живее во Канада. Во брак е со Португалката Надија, со која има два сина, Ромео и Матео.

Никола е најекспонираниот син од тројцата. Тој тргна по стапките на својот татко и има успешна музичка кариера.

nikola-rokvikj-ima-polubrat-tatko-mu-go-dobil-pred-da-se-ozheni-go-priznal-na-baranje-na-soprugata-11_copy.jpg

Во брак е со манекенката Бојана Баровиќ, со која има 3 деца. Парот се запозна во реалното шоу Survivor, и брзо потоа се венчаа.

Неодамна заедно ја формираа фондацијата Porodica, а прва активност им беше собирањето пари за апарат за откривање рак, кој ќе го донираат на Детската клиника за онкологија во Белград.

nikola-rokvikj-ima-polubrat-tatko-mu-go-dobil-pred-da-se-ozheni-go-priznal-na-baranje-na-soprugata-007.jpg

Најмалиот од тројцата браќа е Марко кој е, исто така, музичар.

Од 2015 година тој е во складен брак со Сара Остер Роквиќ, со која има две деца - ќерката Драга и синот Деспот.

Се запознале во средно училиште, но во тоа време биле само пријатели. Неколку години откако матурирале, почнале љубовна врска.

nikola-rokvikj-ima-polubrat-tatko-mu-go-dobil-pred-da-se-ozheni-go-priznal-na-baranje-na-soprugata-12.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg