Татко му го украл од болница кога бил бебе - Животната приказна на Хари Мата Хари
- Детали
- недела, 28 април 2024
На многу млади години станал татко, а потоа добил и вонбрачен син. Некогаш важел за голем заводник, а денес клучот на неговото срце го има само една жена. Што знаеме за животот на Хари Мата Хари?
Хајрудин Верешановиќ, во јавноста познат како Хари Верешановиќ или Хари Мата Хари е еден од најпознатите босанско-херцеговински поп пејачи.
Хари е фронтмен на групата Хари Мата Хари, која ја основа тој во 1985 година.
„Baš ti lijepo stoje suze”, „Azra”, „Strah me da te volim”, „Kao domine”, „Ja nemam snage da te ne volim”, „Prsten i zlatni lanac” се евергрини испеани токму од него.
Како едно од неговите најголеми достигнувања е пласманот на Евровизија во 2006 година во Атина, кога Хари го освои третото место со песната „Лејла“.
Што друго знаеме за животот на познатиот пејач?
Татко му го украл од болница за да не умре од студ
Хари е роден на 16 јануари 1961 година во Сараево, каде што завршил основно образование и веднаш почнал да се занимава со музика.
Татко му бил механичар, а мајка му работела како благајничка.
Има и 18 месеци постара сестра.
Најинтересен детаљ поврзан со неговото детство е тоа што татко му го украл од болница, по раѓањето.
Во Сараево тогаш имало многу студена зима.
Новородените деца масовно почнале да умираат, бидејќи немало греење во болниците.
Татко му донел портокали за неговата мајка во болница, а синот го ставил во торба и го изнел од болницата, од страв да не умре од студ.
Образование
По завршување на средното училиште, образованието го продолжил на Филозофскиот факултет во Сараево, а нешто кратко потоа и на Факултетот за политички науки.
Како што растеле неговите музички апетити толку повеќе го запоставувал образованието, па после третата година од студирањето, се откажал од факултетот.