Татко му го украл од болница кога бил бебе - Животната приказна на Хари Мата Хари

Љубовен живот и вонбрачен син

Кога станува збор за неговиот приватен живот, Хари отсекогаш бил опкружен со припаднички на понежниот пол и важел за голем заводник, па медиумите често пишувале за неговите љубовни авантури.

На 19 години ја запознал Аида, која подоцна му станала и сопруга.

После долгогодишна врска, се венчале на 15.10.1983 година.

Две години подоцна им се родила првата ќерка Наџа, а пејачот тогаш изјавил дека не бил подготвен за татковство.

За време на војната во Босна и Херцеговина живееле во Крањска Гора во Словенија, а во 1994 година им се родил синот Дамир.

tatko-mu-go-ukral-od-bolnica-koga-bil-bebe-zivotnata-prikzna-na-hari-mata-hari-07.jpg

Две години пред да се роди Дамир, на пејачот му се родил вонбрачниот син Мак.

Многумина велат дека Мак премногу личи на својот татко.

Иако во медиумите се пишувало дека Хари долго не знаел дека има вонбрачен син, мајката на Мак, Маја ја открила целата вистина.

Таа рекла дека пејачот знаел за нивното дете од самиот почеток, дека го признал и дека Мак го носи неговото презиме.

Хари често ја посетувал и заедно учествувале во школувањето на детето.

Во 2017 година Мак се ожени, а пејачот бил главен организатор на венчавката.

tatko-mu-go-ukral-od-bolnica-koga-bil-bebe-zivotnata-prikzna-na-hari-mata-hari-20_copy_copy.jpgфото: Фејсбук

Втора сопруга

Неговото често отсуство од дома поради работата, незрелоста и раѓањето на вонбрачниот син најверојатно влијаеле на тоа да се разведе од првата сопруга, со која останал во добри односи.

Својата втора и сегашна сопруга Јасминка Иштук од Осијек, Хари ја запознал преку заеднички пријатели, на еден од своите настапи.

Набрзо потоа станале пар, а нивната врска траела до 2010 година, кога одлучиле да стапат во брак.

Многупати во јавност има истакнато дека е среќен во бракот со Јасминка, а својот приватен живот сака да го задржи што подалеку од очите на јавноста.

tatko-mu-go-ukral-od-bolnica-koga-bil-bebe-zivotnata-prikzna-na-hari-mata-hari-03.jpg

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто пејачот Владо Георгиев не јаде веќе 9 дена? По скандалот со апсењето поради возењето во алкохолизирано издание и со прекумер...
Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...
Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg