„Се породив за 3 минути“ – Актерката што ја играше „Шехерезад“ му го честита роденденот на синот
- Детали
- сабота, 09 март 2024
Со фотки од породувањето на кои е видно насмеана, турската актерка Бергузар Корел го одбележа 4-иот роденден на синот Хан. Таа објави подолга порака во која му го честита роденденот, а од фотките видливо е дека тоа породување поминало лесно.
Актерката која кај нас се прослави со улогата на Шехерезад во турската серија „1001 ноќ“, Бергузар Корел, на Денот на жената, има уште една причина за славење. На тој ден нејзиниот втор син Хан, слави роденден.
Со фотки од породилиштето, Бергузар се присети на миговите кога Хан дошол на овој свет, за да им донесе радост и среќа.
Таа на својот Инстаграм профил упати подолга порака до синот:
„Ти се роди во 3 минути и сите почна да не засмеваш од мигот кога дојде, мое русокосо момче.
Луѓето што те очекуваа да дојдеш не можеа да веруваат дека толку брзо се роди.
Само што ме испратија во родилната сала со солзи во очите, тргнаа до лифтот да се напијат кафе, а се вратија за да слушнат дека си роден, и сите беа со солзи во очите од радост.
Поминавме низ толку многу работи заедно, а и покрај тешките времиња ти дојде на овој свет како голема среќа и така растеш, малечко мое“ – напиша таа меѓу другото.
„Моето расположение, изненадување и возбуда кога ги гледам фотките од денот кога те родив се исти како во тој миг, затоа што животот со тебе е таков“- дополни таа.
Инаку, за потсетување Бергузар Корел е во брак со колегата од серијата „1001 ноќ“ Халит Ергенч, а тие двајца заедно имаат 3 деца.
Во 2010-та година тие го добија синот Али, 10 години подоцна, во 2020-та го добија синот Хан, а во ноември Бергузар ја роди ќерката Лејла.
Таа отворено зборуваше за тешкото породување со ќерката Лејла и јавно ги сподели фотографиите од траумите што ги преживеала тогаш.
Прочитајте и Ослабе 20kg и направи операција на градите - Како турската актерка, позната како „Шехерезад“ се врати во топ форма по третата бременост?
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм