Ослабе 20kg и направи операција на градите - Како турската актерка, позната како „Шехерезад“ се врати во топ форма по третата бременост?
- Детали
- недела, 08 октомври 2023
„Како да не си родила три деца“ – велат дел од фановите на турската актерка Бергузар Корел, која објави фотографии на кои се гледа нејзината извајана фигура. Според турските медиуми, освен што внимавала на исхраната и вежбала, актерката направила и естетски операции.
Турската актерка Бергузер Корел, која на македонската публика ѝ е најпозната по улогата на Шехерезад во турската серија „1001 ноќ“, неодамна одлучи да се врати на малите екрани, а многумина се изненадени од нејзиниот изглед и велат дека на фотките што таа ги објавува на Инстаграм воопшто не се познава дека е мајка на три деца.
Таа во 2021-ва година се породи со своето трето дете, а во тој период откри дека имала мошне тешко породување.
Прочитајте и Ја удира главата од креветот, се превиткува од болки – Бергузар Корел, позната како Шехерезад објави видео од породувањето со ќерката
Неодамна, таа на Инстаграм покажа дека одлучила целосно да го промени имиџот и од бринета да стане фатална русокоса, но она што посебно е впечатливо е нејзината извајана форма на телото.
„Прекрасна си“, „Како да не си родила три деца“, „Совршена си“ – коментираат дел од нејзините следбеници на Инстаграм.
Дел од турските медиуми, пак, ја споделуваат рутината до која актерката се придржувала за да се врати во топ форма по бременоста.
Бергузар успеала да ослаби 20kg во 8 месеци, благодарение на тоа што секој ден практикува да пешачи по 2 часа и плива по 1 час.
Исто така, како што може да се види и на нејзините објави на Инстаграм, актерката многу внимава како се храни, а по препорака на лекар направила и операција на градите со цел да има покомпактен и послаб изглед.
Погледнете уште неколку нејзини фотографии во продолжение:
Прочитајте и Ја оставил за „Шехерезад“ и ја натерал да абортира – Како изгледа првата сопруга на најпознатиот турски актер Халит Ергенч? (фото)
Б. С. Б. | Црнобело