Ја удира главата од креветот, се превиткува од болки – Бергузар Корел, позната како Шехерезад објави видео од породувањето со ќерката
- Детали
- вторник, 08 ноември 2022
Клекнува до земја и се превиткува од болки, ја удира главата од кревет додека сопругот се обидува да ја утеши, но на среќата ѝ нема крај кога ќе го земе во раце нејзиното новородено девојче. Турската актерка Бергузар Корел објави емотивно видео со секој миг од 11-часовното породување, со кое го одбележа првиот роденден на ќерката Лејла.
Турскиот актерски пар Халит Ергенч (52) и Бергузар Корел (40), познати по улогите на Онур и Шехерезад во серијата „1001 ноќ“, минатата недела го прославија 1-иот роденден на ќеркичката Лејла.
По тој повод актерката на својот Инстаграм профил сподели видео од 11-часовното тешко породување со ќерката.
Видеото ги доловува тешките породилни болки што ги трпела таа, како и емотивните моменти на кои актерката ја удира главата од креветот, се превиткува од болка, но и како нејзиниот сопруг е постојано до неа – од мигот кога ги почувствувала болките, па сѐ до породувањето.
„На роденденот на секое мое дете, чувствувам измешани емоции на тага и благодарност. Ги гледам нивните фотографии. Се трудам да се сетам на нежноста на нивната косичка во мигот кога се родија.
Потоа помислувам... Ги бакнувам ли доволно? Ги сакам ли доволно? Те прегрнувам ли цврсто? Дали има мигови што сум ги пропуштила?“ – напиша меѓу другото актерката до видеото во кое може да се видат повеќе моменти од породувањето.
Ианку, Бергузар Корел и Халит Ергенч на 3-ти декември минатата година станаа родители по третпат кога ја добија ќерката Лејла.
Актерката тогаш објави повеќе фотографии од породувањето, а рече дека истото траело 11 часа и имало компликации.
Според нејзината тогашна изјава, бебето се родило со замотана папочна врвка околу вратот.
Освен ќерката Лејла, Халит и Бергузар имаат уште два сина Али и Хан.
Погледнете повеќе фотографии од Бергузар во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело