Северина на суд во аутфит од 2.000 евра: „11 години се влечкам по судови вака убава и моќна“

Во модна комбинација од над 2.000 евра, Северина се појави на суд каде се соочи со двете жени кои ја обвинуваат за „наметливо однесување“. Таа даде кратка изјава, а на својот Инстаграм профил порача: „Нема да ви дозволам да продавате деца!“

severina-na-sud-vo-kombinacija-od-nad-2-000-evra-11-godini-se-vlechkam-po-sudovi-vaka-ubava-i-mokjna-01.jpg

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ вчера (05.02) се појави во Општинскиот суд во Загреб, каде што се соочи со жената Гордана Булијан Фландер, поранешна директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во Загреб.

Северина е обвинета дека ја прогонувала Гордана, а дека на синовите на директорката на училиштето каде што учел нејзиниот син Александар, Лилјана Клингер, им праќала навредливи пораки.

severina-na-sud-vo-autfit-od-2-000-evra-11-godini-se-vlechkam-po-sudovi-vaka-ubava-i-mokjna-02.jpgфото: Јутјуб - принтскрин

По завршувањето на рочиштето, Северина даде изјава за медиумите и видеото го објави на Инстаграм, а до него напиша:

„Уште еден поход на суд, овој пат во Општинскиот казнен суд во Загреб. Второ рочиште, во обвинението подигнато во само 9 месеци, каде што се теретам за ‘наметливо однесување’, а тоа ви е казнено дело.

Истовремено јас водам битка за старателство 11 години и тука нема брзина и ефикасност. Јас очигледно не сум ја нашла мојата ‘радост’ да ми ги решава проблемите, а велат дека сум ‘убава’.

Јас така ‘убава и моќна’ се влечкам по судови 11 години. И на системот не му е гајле.

П. С. Никогаш не би отишла во кафуле каде што ‘радостите’ седат, места каде што се плеткаат и разменуваат пари... Но, да продавате деца? Е па, нема да може!“

Инаку, кај хрватските медиуми особено внимание привлече и модната комбинација што пејачката ја носеше на суд.

severina-na-sud-vo-autfit-od-2-000-evra-11-godini-se-vlechkam-po-sudovi-vaka-ubava-i-mokjna-03.jpgфото: Јутјуб - принтскрин

Таа се појави во бел костим од брендот Self Portrait со лелеаво миди здолниште и сако со црни детали и панделка, која потсетува на моделите на Chanel.

severina-na-sud-vo-autfit-od-2-000-evra-11-godini-se-vlechkam-po-sudovi-vaka-ubava-i-mokjna-04.jpg

Овој костим се продава по цена од 485 евра, а на себе Севе ги носеше и своите среќни чевли, што ги носеше и на последното рочиште, кои се продаваат по цена од 1.420 евра.

severina-na-sud-vo-kombinacija-od-nad-2-000-evra-11-godini-se-vlechkam-po-sudovi-vaka-ubava-i-mokjna-povekje-010.jpg

Целиот изглед Севе го надополни со класична чанта од Chanel која се продава по цена од неколку илјади евра.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg