Северина доби поддршка од ѕвездите по загубата на старателството - Реакции и од Македонија

„Моја Севе, не постои суд што може да застане меѓу мајката и детето. И детето го знае тоа. Затоа главата горе“, ѝ напиша Калиопи. Кои други познати личности ја поддржаа хрватската пејачка, откако го загуби старателството над синот?

kaliopi-tamara-nikolina-pishek-makedonski-i-regionalni-dzvezdi-ja-poddrzhaa-severina-otkako-go-zagubi-staratelstvoto-nad-sinot-01.jpg

Откако Врховниот суд во Загреб на 23 јануари ѝ го одзеде старателството на Северина над 12-годишниот син Александар и го врати кај неговиот татко, многу познати Македонци и јавни личност од регионот ѝ дадоа јавна поддршка на хрватската ѕвезда.

Тие ѝ испратија пораки да остане силна, но и дека не постои суд кој со својата одлука може да застане помеѓу мајката и нејзиното дете.

420507001_609336831342773_1470029937273506801_n.jpg

Меѓу оние кои ја поддржаа Северина се и Калиопи, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, но и Наташа Беквалац, Нина Бадриќ, Николина Пишек, Софија Мило, Милица Тодоровиќ и многу други.

„Моја Севе, не постои суд што може да застане меѓу мајката и детето. И детето го знае тоа. Затоа главата горе“, ѝ напиша Калиопи.

severina-dobi-poddrshka-od-dzvezdite-po-zagubata-na-sinot-reakcii-i-od-makedonija-04.jpg 

„Те гушкам најсилно“, остави коментар Тијана Дапчевиќ, а нејзината сестра Тамара напиша: „Поддршка“.

severina-dobi-poddrshka-od-dzvezdite-po-zagubata-na-sinot-reakcii-i-od-makedonija-02_2.jpg

severina-dobi-poddrshka-od-dzvezdite-po-zagubata-na-sinot-reakcii-i-od-makedonija-02_3.jpg

Одлуката на хрватскиот суд да ѝ го одземе синот на Северина и да го додели на нејзиниот некогашен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, доаѓа по нешто повеќе од 4 години откако Александар првпат ѝ беше одземен во октомври 2019-та.

2.jpg

severina-dobi-poddrshka-od-dzvezdite-po-zagubata-na-sinot-reakcii-i-od-makedonija-02_1.jpg

По 20 месеци, во кои Северина го гледаше синот двапати неделно по четири часа и секој втор викенд, судот реши старателството над момчето да го даде подеднакво на двајцата родители, а со тоа пејачката да поминува повеќе време со него.

severina-dobi-poddrshka-od-dzvezdite-po-zagubata-na-sinot-reakcii-i-od-makedonija-02_5.jpg

„Страшно. Во Србија не можеш да им пријдеш, ниту да ги допреш со тужба зашто се заштитени како бели носорози. Затоа во Хрватска судовите работат максимално брзо и тоа на штета на своите граѓани, односно хрватските државјани“, напиша меѓу другото Николина Пишек.

severina-dobi-poddrshka-od-dzvezdite-po-zagubata-na-sinot-reakcii-i-od-makedonija-02_4_copy.jpg

Откако Александар ѝ беше одземен и вторпат, пејачката се огласи на Инстаграм и напиша дека нејзиното дете не е вреќа со компири за судот да го шета како сака.

„Го носам откако беше како мала капка вода на дланката. Откако се роди бевме само ние двајца. Првиот заб, првата температура, првите чекори. Тато повремено се појавуваше (како и ден денес) и си заминуваше. И потоа одеднаш одлучи дека ќе биде татко.

Оттогаш, веќе 11 години трае агонијата и измачувањето на моето дете и мене. Судски рочишта, сослушувања, испитувања, пријавувања, вештачења.

На своето дете никогаш не сум повишила глас, а камоли нешто слично.

severina-dobi-poddrshka-od-dzvezdite-po-zagubata-na-sinot-reakcii-i-od-makedonija-02.com-novosti-balkan-106728-mamo-nemoj-da-me-ostavash-severina-objavi-emotivno-video-so-sinot-kako-milan-ja-iskoristi-greshkata-na-sudiie-11.jpg

Не постои никаква причина заради која детето не би требало да живее во својот дом, каде што се родило, со мене, со својата баба, со луѓето што ги знае од раѓањето.

Сега врховните судии ми нанесоа болка. Кренаа рака во име на детето, што никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое трпи тортура и јас заедно со него.

Јас сум мајка. Тој е мојата капка вода на дланката, а јас ќе се борам до последната капка крв за неа. За мојата капка вода на дланката“, напиша таа, меѓу другото.

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg