„Откако се роди, бевме само ние двајца“ - Северина со емотивна објава откако ѝ го одземаа синот

„Го носам откако беше мала капка на дланката. Откако се роди бевме само ние двајца. Првиот заб, првата температура, првите чекори. Тато повремено се појавуваше и си заминуваше. И потоа одеднаш одлучи дека ќе биде татко“ – Северина се огласи со емотивна објава откако судот донесе одлука повторно да ѝ го одземе детето.

otkako-se-rodi-bevme-samo-nie-dvajca-severina-so-emotivna-objava-otkako-i-go-odzemaa-sinot-01.jpg

За првпат по подолго време Северина го покажа лицето на синот.

Со оглед дека не смее да објавува фотографии од него, Северина објави фотки од графитот изработен во Белград на која се таа и Александар (12).

otkako-se-rodi-bevme-samo-nie-dvajca-severina-so-emotivna-objava-otkako-i-go-odzemaa-sinot-04.jpg

По одлуката на Врховниот суд да ѝ го одземе повторно детето, и да му го отстапи стрателството на неговиот татко Милан Поповиќ, хрватската пејачка гневна објави подолг статус на Инстаграм, во кој објасни со што се соочува во моментов.

Видно вознемирена, таа не можеше да издржи, а да не искористи и пцости и погрдни зборови за судиите кои одлучиле да ѝ го одезмат детето.

Во продолжение објавата на Северина во целост:

„Го носам откако беше како мала капка вода на дланката. Откако се роди бевме само ние двајца. Првиот заб, првата температура, првите чекори. Тато повремено се појавуваше (како и ден денес) и си заминуваше. И потоа одеднаш одлучи дека ќе биде татко. Оттогаш, веќе 11 години трае агонијата и измачувањето на моето дете и мене. Судски рочишта, сослушувања, испитувања, пријавувања, вештачења.

otkako-se-rodi-bevme-samo-nie-dvajca-severina-so-emotivna-objava-otkako-i-go-odzemaa-sinot-05.jpg

Знаеш дека ништо погрешно не си направила. И не веруваш дека тоа повторно ти се случува. И не си виновна. На своето дете никогаш не сум повишила глас, а камоли нешто слично. Не постои баш никаква причина заради која детето не би требало да живее во својот дом, каде што се родило, со мене, со својата баба, со луѓето што ги знае од раѓањето.

Сега врховните судии ми нанесоа болка. Кренаа рака во име на детето, што никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое трпи тортура и јас заедно со него.

otkako-se-rodi-bevme-samo-nie-dvajca-severina-so-emotivna-objava-otkako-i-go-odzemaa-sinot-06.jpg

Не сакам сега да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не сакам да барам какви било неправилности, а особено не оние што се спротивни на постоечката пракса.

Јас сум мајка. Тој е мојата капка вода на дланката, а јас ќе се борам до последната капка крв за неа. За мојата капка вода на дланката.

Моето дете живее и оди во училиште во Загреб, за разлика од неговиот татко. Срам ми е од оваа држава што вакви работи му се прават на детето, а јас да не смеам за тоа да зборувам за некого да не навредам.

otkako-se-rodi-bevme-samo-nie-dvajca-severina-so-emotivna-objava-otkako-i-go-odzemaa-sinot-02.jpg

Поедноставено, ова всушност значи дека повторно своето дете, што го родив, што го одгледувам, образувам, кое живееше со мене од раѓањето, сега ќе можам да го гледам само во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд во сабота и недела.

Ја поминав голготата на хрватското правосудство, па ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд. Велат дека ја укинале пресудата заради процедурални причини. Да ве е*ат процедуралните причини и корупцијата во оваа држава. Еднаш успеавте, овојпат нема да успеете!“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg