Фотка од прозорецот од каде паднала, другарките тврдат дека не виделе ништо – Детали за смртта на младата пејачка Андријана Лазиќ
- Детали
- понеделник, 22 јануари 2024
Се фотографирала пред прозорецот на зградата од каде паднала. Татко ѝ најави нови детали за несреќата. Што знаеме за младата српска пејачка, Андријана Лазиќ, која падна од 24-ти кат во Дубаи?
Низ босанските и балканските медиуми деновиве топ тема е веста за смртта на младата пејачка од Република Српска, Андријана Лазиќ, која почина откако падна од 24-ти кат во зграда во Дубаи.
Вестите за смртта на младата пејачка за медиумите ги потврди нејзиниот татко Небојша Лазиќ Зенга.
Што знаеме за младата босанска пејачка која трагично загина на само 28 години?
Андријана е ќерка на Небојша Лазиќ Зенга, кој е мошне познат во нивната родна Бјелина. Таа била родена на 2-ри ноември 1995-та година, а завршила правен факултет.
Често сакала да патува, а на профилите на социјалните мрежи редовно објавувала фотки од дестинациите што ги посетила.
Непосредно пред смртта, Андријана снимила две песни, а тие требало да бидат објавени околу Стара нова година.
Според информациите што ги објави татко ѝ, Андријана во Дубаи заминала на 7-ми јануари со другарките, а починала само 3 дена подоцна, на 10-ти јануари. Требало да се врати дома следниот ден, на 11-ти јануари.
Засега нема информации што точно се случило, но се верува дека младата пејачка паднала од зграда од 24-ти кат. Татко ѝ со потресна порака на социјалните мрежи се прости од младата пејачка:
„Мојата ќерка единица, адвокатчето на тато, утрово замина меѓу ангелите. Ми донесе радост во животот на 2-ри ноември 1995-та година кога си родена. Сите секогаш ми велеа ‘Анчи е цела на тебе’.
Некогаш нагалено, а некогаш од револт те викав ‘адвокатче’!
Многумина премолчувале и денес премолчуваат кога зборувам, а ти се бореше како лавица да бидеш копија на тато! Често ме нервираше, затоа што секогаш ти го посакував само најдоброто и многу те сакав.
Ти знаеше дека сум слаб на тебе и понекогаш секој твој збор предизвикуваше ерупција од лутина, затоа што ти беше само своја, и за тебе не бев Бонд, туку татко што е чувствителен на својата ќерка единица“ – напиша тој меѓу другото.