Сите ја знаат како ќерката на Никола Којо од „Ми нисмо анџели“ – Кој бил вистинскиот татко на Мирка Васиљевиќ?
- Детали
- недела, 29 октомври 2023
Не сака да зборува за татко ѝ, откри дека била жртва на врсничко насилство како дете – Зошто Мирка Васиљевиќ не сака премногу да зборува за своето детство и за своето семејство и кој бил нејзиниот вистински татко?
Српската актерка Мирка Васиљевиќ (33) на македонската јавност ѝ стана најпозната по улогата „Ми нисмо анџели 2“ каде ја толкуваше улогата на ќерката на Никола Којо.
Оттогаш поминаа речиси 20 години, а Мирка освен со улогите во филмовите е актуелна и заради врската со фудбалерот Вујадин Савиќ со кого има 4 деца.
Честопати во српските таблоиди се појавуваат вести за неверствата на Вујадин, иако тој минатото лето го истетовира ликот на својата партнерка на градите.
Мирка е родена 1990-та година во Белград, а се знае дека израснала само со мајка ѝ Мирјана, која е Директорка на Секторот за управување со воздушниот сообраќај во Србија и Црна Гора.
Мајката на Мирка е мошне позната државна службеничка и често се појавува во српските медиуми, но Мирка никогаш не зборува јавно за нејзиниот однос со неа.
Во една пригода Мирка откри дека нејзиниот татко починал прерано, а дека таа го носи неговото име.
„Тоа се некои теми за кои никогаш не сум зборувала во медиумите и тоа се некои теми за кои што не мора претерано да се зборува.
Секогаш сум се трудела моето појавување да биде поврзано само со работата. Никогаш не сум споделувала премногу за семејните работи.
Врзана сум за мојот тетин, дедо ми, до неодамна и за дедо ми од страната на татко ми, кој почина. Имаме доста такви силни машки фигури во семејството за кои сум врзана. Исто така учителот од 1-во до 4-то одделение многу ми значеше“ – рече во една пригода Мирка, и додаде само дека нејзиниот татко се викал Мирко.
Исто така, во таа пригода Мирка откри дека во нејзиното потесно семејство сите имаат имиња што почнуваат на буквата „М“.
Инаку убавата српска актерка во друга пригода откри дека како дете често била жртва на врсничко насилство, но не заради тоа што немала татко, туку затоа што имала поинаков стил на облекување.
„Од 5 години почнав да се занимавам со манекенство и водителство и веќе кога почнав во прво одделение бев малку поразлична од останатите деца – секогаш сакав малку поинаку да се облекувам и можев да изнесам нешто несекојдневно.
Се разликував од другите деца затоа што уште тогаш сакав да носам облека со фолклорни мотиви, заради што добивав голем број шеги на своја сметка: дека сум селанче, дека играм во опинци...
Но, сето тоа мојот живот го демантираше, затоа што јас одев на турнеи од месец и половина во Мексико“ – изјави таа.
Б. С. Б. | Црнобело