Тврдеа дека се лудо вљубени, па со месеци криеја дека се разделиле - Крај на љубовта на еден од најубавите српски парови, по 4 години врска
- Детали
- четврток, 26 октомври 2023
Со месеци криеле дека ја прекинале врската. Тој роденденот го прослави сам со ќерката, а вели дека сите желби конечно му се исполниле – Еден од најубавите српски актери, Александар Радојчиќ повторно е сингл.
Српскиот актер Александар Радојчиќ (36) кај нас е познат по улогите во филмовите и сериите „Монтевидео – Бог те видео“, „Бићемо прваци света“, како и во серијата „Жигосани у рекету“, а на приватен план долго време привлекуваше внимание заради врската со убавата манекенка Дуња Радичевиќ.
За својот 36-ти роденден тој на својот Инстаграм профил објави фотка на која се гледа дека убавиот ден го прославил со ќеркичката Аја (9), но до него не е убавата Дуња со која 4 години беа во врска.
„Желбата ми е веќе исполнета“ – напиша Александар до фотографијата на која покажа каков подарок добил од ќерката.
Александар и Дуња не изнесуваа премногу детали за нивната врска во јавноста, но како што пренесуваат српските медиуми, иако тие двајца изгледаа среќни и вљубени, најверојатно раскинале уште пред неколку месеци.
Имено, многумина предвидуваа дека убавиот српски пар најверојатно ќе застане пред олтар и пишуваа за блискиот однос што Дуња го има со ќерката на актерот од неговата врска со Ивана Малезовиќ, со која долго време се бореше за старателство.
Но, ако може да се суди според социјалните мрежи, јасно е дека еден од најубавите српски парови одлучил да стави крај на врската.
Тие долго време веќе не се следат на Инстаграм, а на нивните профили се избришани сите заеднички фотографии.
Засега не се знаат причините за нивното раскинување, но во една пригода актерот откри како таа реагира на неговите љубовни сцени во филмовите:
„Морам да кажам дека сигурно не ѝ е лесно, не е љубоморна, но не ѝ е пријатно во некои ситуации кога гледа некоја љубовна сцена. Сепак, таа и понатаму е со мене, па очигледно љубовта е посилна од тоа.
Не се мешаме еден на друг во работата, но поддршката и советите секогаш се тука, колку што сме во можност секако, се трудиме. Некогаш е добро само да се сослушаме“ – рече тој.
Веста дека еден од најпосакуваните српски актери повторно е сам е објавена речиси во сите српски медиуми, на голема радост на обожавателките.
Погледнете повеќе негови фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело