Факти за српскиот заводник Александар Радојичиќ – долго се бореше за старателството над ќерката, има девојка убавица
- Детали
- сабота, 28 август 2021
Ги краде воздишките на женската публика во Србија, а и на Балканот. Александар Радојичиќ е во среќна врска со манекенката Дуња Радичевиќ, а има и 8-годишна ќерка, што ја гледа повремено.
Александар Радојичиќ (33) е српски актер што се прослави со улогата на Микица Арсенијевиќ „Балерина“ во филмот „Монтевидео – Бог те видео“.
Игра во театарот „Бошко Буха“ во Белград, зад себе има повеќе покрупни проекти, а во моментов е актуелен со тоа што треба да се појави и во српскиот римејк на ТВ драмата „Династија“ каде ќе го толкува ликот на телохранителот и возачот на Блејк Карингтон.
Тој ги краде воздишките на женската публика не само во родната Србија, туку и пошироко на Балканот. За него се знае дека веќе две години е во врска со манекенката Дуња Радичевиќ (27), но за нивниот приватен живот не сака да говори многу, освен што повремено тие двајцата објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Дека тој е искрено вљубен во неа говори и неговата честитка што тој ѝ ја испрати по повод нејзиниот роденден на Инстаграм, каде двајцата се заедно, а тој носи маичка со натписот „Љубов“.
Инаку, Александар е познат како мошне скромен, воспитан и културен млад маж, а тој беше доста актуелен во српските медиуми и поради борбата за старателството над неговата ќерка Ања (8).
Тој ќерката ја доби од врската со извесна Ивана Малезовиќ со која живееле во вонбрачна заедница, а потоа неколку години се бореле за старателството над девојчето. Во 2016-тата Александар го загуби старателството над ќерката, така што Ања сега живее со нејзината мајка, а татко ѝ може да го гледа секоја втора седмица.
Тој претходно често објавуваше фотографии со ќеркичката но во еден период во текот на минатата година тоа престана да го прави, заради, како што рече, коментарите дека со тие фотографии сакал да се покаже себеси во подобро светло:
„Престанав да објавувам фотографии со ќерката на Инстаграм. Токму тоа коментирање и поврзување дека јас сакам со тоа да се покажам во некое поубаво светло, овака или онака... Тоа се работи што се составен дел на мојот живот. А од друга страна Инстаграм е некој паралелен живот што сè потешко ми паѓа и е голема обврска. Воопшто немам некаква цел да постигнам нешто со објавите со ќерката. Најважно е каков сум со детето и каков татко сум“ – изјави тој за српските медиуми по одлуката.
Тој неодамна имаше интервју за српскиот портал Kurir.rs каде меѓу останатото повторно говореше за односот со ќерката и за тоа како се справува со тоа што неговата ќерка расте и набрзо ќе навлезе во тинејџерските години:
„Да, редовно ми поминува низ главата како времето брзо поминува и како децата брзо растат. Но тој процес на растење на детето е толку возбудлив и прекрасен што повеќе се занимавам со она што е моментално, отколку со она што сме го пропуштиле, што не сме го преживеале затоа што не сме постојано заедно. Мене ми е поважно да видам дека таа е среќно и сакано дете. Тоа е она што е најважно. А секако дека на родителите ќе им биде тешко што децата премногу брзо им растат. Тоа се е нормално “ – вели тој.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Радојичиќ:
Б. С. Б. | Црнобело