Војаж ја покажа новата девојка: „Таа живее во Норвешка, кога се запознавме немаше поим кој сум“
- Детали
- вторник, 10 октомври 2023
„Конечно можам да разговарам со некој како Михајло и кога и да сум со неа, се чувствувам како јас, како обичен Михајло“ – српскиот трап пејач Војаж, чие вистинско име е Михајло, појаснува дека неговата нова девојка го освоила со тоа што воопшто не била заинтересирана за неговата слава. Како изгледа убавицата што успеа да го зароби неговото срце?
Српскиот трап пејач Михајло Веруовиќ Војаж (22), долго време беше во врска со пејачката Ангела Игнатовиќ Бресквица, па ги нарекуваа „балканските Џастин Бибер и Селена Гомез“, а откако раскинаа, голем број нивни фанови беа разочарани.
Но, по раскинувањето, секој од нив продолжи по сопствениот пат.
Бресквица е во врска со друг дечко што е 8 години повозрасен од неа, кој работи како полицаец, а на социјалните мрежи коментираат дека наликува на „набилдан Војаж“.
Од друга страна, Војаж долго време криеше дека е во емотивна врска и не ја покажуваше новата девојка.
Тој неодамна, на еден од своите концерти за првпат се појави со својата нова девојка и камерите го снимија како пристигнува заедно со неа и ја држи за рака.
Новата девојка се вика Тамара Кујачиќ, а вечерта на концертот таа била заедно со мајка му на пејачот. На настанот се појави во долг зелен фустан, со пуштена коса, а речиси сите коментираат дека е вистинска убавица.
Војаж не сака премногу да зборува за својот љубовен живот, но во една пригода откри повеќе детали за својата нова девојка. Како што рече, таа живее во Норвешка и со неа приказната е сосема поинаква, а долго време само „се мувале“.
„Се запознавме во Нови Сад, преку заеднички пријател. Многу ми беше убаво кога се запознавме затоа што девојката немаше поим кој сум.
Таа живее во Норвешка, ја слуша нивната музика, од нашите пејачи слушнала само за Цеца. Тоа ми беше интересно затоа што конечно можам да разговарам со некој како Михајло и кога и да сум со неа се чувствувам како јас, како обичен Михајло“ – рече тој.
Додаде дека најмногу му се допаѓа тоа што Тамара е елоквентна и паметна девојка, која не е љубоморна и има чувство дека му верува 100 отсто.
Инаку, претходно Војаж го спојуваа со ќерката на Харис Џиновиќ, Џина, но тој рече дека тие двајца биле само пријатели.