Има тетоважа со нејзиниот роденден на раката, само неа ја признава од сестрите - Која е Санела, постарата сестра на Златан Ибрахимовиќ?
- Детали
- сабота, 21 октомври 2023
Санела Ибрахимовиќ, за разлика од нејзиниот славен брат, e анонимна личност и работи како фризерка во Малме, Шведска, а многумина се изненадени од нивната сличност. Иако има уште 4 други браќа и сестри, Златан вели дека само Санела ја признава за вистинска сестра. Што знаеме за неа?
Златан Ибрахимовиќ е еден од најпознатите фудбалери и за него речиси и нема што многу да се зборува.
Познат по големиот број успеси на фудбалскиот терен, големата „ароганција“, што тој ја нарекува самодоверба, и големиот број интересни мигови во кариерата, Златан секогаш привлекувал внимание и кај балканската публика, затоа што потекнува токму од нашите простори.
Во својата прва автобиографска книга „Јас сум Златан“, фудбалерот детално ја раскажа приказната за тоа како од сиромашно дете на имигранти во Шведска успеал да стигне до светска кариера, а минатата година ја објави книгата „Адреналин“, каде раскажува како се справува со предизвиците додека станува свесен дека годините одминуваат и наскоро ќе треба да се прости со фудбалскиот терен и еуфоријата од трибините.
Во „Адреналин“, Златан откри дека на мајка му ѝ купил црква за 9,4 милиони евра, иако многумина мислеа дека таму ќе живее и тој кога ќе се пензионира, на сестра му Санела ѝ купил апартман во Хрватска, а на татко му стан.
Црквата што Златан ја купил за мајка му
Сѐ на сѐ, Златан не крие колку многу сака да им помогне на членовите на неговото семејство.
Тој има една сестра Санела, која е постара од него и е родена за време на бракот на неговите родители Јурка и Шефик Ибрахимовиќ, и 4 други полубраќа и полусестри.
За неговиот полубрат Александар Ибрахимовиќ и полусестрите Моника и Виолета не се знае многу, затоа што долги години наназад тие успешно се кријат од јавноста, додека малку повеќе се знае за неговиот полубрат Сапко Ибрахимовиќ, кој почина во 2014-та година по долго и тешко боледување.
Се знае дека Златан е мошне близок со својата сестра Санела, но и таа како и другите членови на семејството вешто се крие од јавноста.
Мајка му на Златан, Јурка
Дека Златан и Санела се мошне блиски станува јасно и од фактот што тој нејзиниот датум го има истетовирано на своето тело. На неговата лева рака, до зглобот се истетовирани датумите на раѓање на неговите мајка и сестра му Санела, но не и на другите две полусестри.
„Датумите на раѓање на жените се истетовирани на левата страна, која е блиску до срцето. Тука се имињата на мајка ми и на Санела, но не и на полусестрите кои не сакаат да имаат контакт со семејството“ – вели тој во својата прва автобиографија.
Тој откри дека сестра му имала мошне значајна улога во неговиот живот.
„Таа e единствената моја вистинска сестра. Таа е две години постара од мене и е мошне цврста жена. Ние сме мошне блиски.
Денес работи како фризерка и честопати се случува луѓето да ѝ дојдат во салонот и да ѝ речат: ‘Леле, колку личиш на Златан’, на што таа најчесто одговора: ‘Нема врска, Златан личи на мене’“ – напиша фудбалерот за неа.
Сестра му на Златан, Санела
Шведските блогери кои имале можност да ја запознаат Санела велат дека таа е прекрасна личност, која е полна со енергија.
„Се чувствувате како Санела да е оригинална верзија, а Златан е само попознат брат на оригиналот. Таа има неверојатна енергија“ – пишува шведскиот блогер Џеспер Хусфелт.
Во 2004-та година Санела се омажи, а Златан се потруди да земе слободни денови за време на Светското првенство за да присуствува на најважниот ден во животот на сестра му, но откако не успеа, тој даде 4 гола на мечот против Малта и победата ѝ ја посвети нејзе.
Дека Санела сака да води сосема поинаков живот од нејзиниот брат говори и фактот што нејзините профили на социјалните мрежи се приватни, а ретко може да се најдат и нејзини фотографии, освен по некој принтскрин од социјалните мрежи кој се нашол во српските медиуми.
Прочитајте и Љубовната приказна на Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер - таа е 11 години постара од него, на првата средба се скарале за паркинг
Б. С. Б. | Црнобело