Алкохолот го чинеше брак, синот го извлече од дното: Кој е таткото на Златан Ибрахимовиќ?
- Детали
- сабота, 08 јули 2023
Животот на Златан Ибрахимовиќ со неговиот татко алкохоличар воопшто не бил лесен. Татко му градеше кариера како пејач на народна музика, а неговиот најголем хит е посветен на синот. Кој е Шефик Ибрахимовиќ, таткото на еден од најдобрите светски фудбалери?
Животната приказна на Златан Ибрахимовиќ е како сценарио за филм - од сиромашно и бунтовно момче кое потекнува од семејство на имигранти, Златан стигна до статусот на еден од најдобрите светски фудбалери.
Денес има огромно богатство, но во детството не можел да сонува за таков луксуз.
Причината за ова, во најголема мера, е неговиот татко Шефик, кој бил алкохоличар, а времето го минувал во кафеани и трошел сè што ќе заработи.
Татко му Шефик е муслиман од Босна, а мајка му, Јурка Гравиќ, е католик од Хрватска. Златан, пак, е роден во Шведска.
Пораснал во Розенгард, предградие на Малме, каде што многу имигранти го нашле својот дом.
Неговата мајка работела како хигиеничарка по 14 часа на ден, а татко му бил чувар.
Родителите му се развеле кога Златан имал само две години. Социјалните работници решиле тој да остане со мајка му, а неговата сестра Санела ја доделиле на татко му.
Бидејќи не можел да живее без сестра си, кога малку пораснал, Златан почнал да живее со својот татко.
Животот со Шефик не бил ни малку лесен. Тој имал проблеми со алкохолот, поради што понекогаш немале храна во фрижидерот, па Златан и Санела гладувале.
Но, татко му не штедел кога бил фудбалот во прашање и го плаќал фудбалскиот камп на синот. Кога немал пари, позајмувал и ги вложувал во кариерата на Златан.
Тој никогаш не ги послушал оние кои тврделе дека син му нема да биде добар фудбалер и нема да најде клуб што ќе сака да го ангажира.