Убавиот актерски пар од „Тома“ доби трето дете: „После излегување во град, моравме во болница“
- Детали
- понеделник, 08 јули 2024
Тој ја чека со синот во дворот на болницата, а таа му мавта од прозорецот. Убавиот актерски пар од филмот „Тома“ доби трето дете, а на Инстаграм ги споделуваат сите значајни мигови од овој период на нивните животи.
Српскиот актерски пар Петар Бенчина и Tамара Драгичевиќ, кои станаа најпрепознатливи по улогите на докторот и Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“, викендов го славеа доаѓањето на свет на нивното трето дете.
Тамара се породи во петокот (06.07) и на свет донесе уште еден син, кому му го дадоа името Борис.
Актерката на социјалните мрежи сподели неколку фотки од болница на кои е со новороденчето, а освен тоа покажа и како гордиот сопруг Петар Бенчина со синот Лазар ја посетил во болница, за барем на кратко да ги видат од прозорецот.
Инаку, претходно актерот сподели заедничка фотографија со сопругата, до која напиша:
„Утрово, некаде околу 3 и 30 часот, по излегувањето во град тркнавме до болницата Драгиша Мишовиќ. Ти си неверојатна… Борис е овде!“.
Петар на Инстаграм објави и кратко видео од прославата по повод раѓањето на синот.
Инаку, убавиот пар во брак е од 2016-та година, а освен синот Борис, тие заедно имаат уште две деца: ќерката Сташа (7) и синот Лазар (5).
Прочитајте и Двајцата глумеа во филмот „Тома“ и се еден од најубавите српски парови - факти за Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина
Б. С. Б. | Црнобело