Двајцата глумеа во филмот „Тома“ и се еден од најубавите српски парови - факти за Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина
- Детали
- вторник, 19 октомври 2021
Филмската Силвана Арменулиќ и докторот на фамозниот Тома Здравковиќ во филмот „Тома“ се всушност брачен пар во реалноста. Важат за еден од најубавите српски парови, имаат 2 деца и се вљубени, скромни, природни...
Тамара Драгичевиќ (32), родена во Белград, е една од најубавите српски актерки која на совршен начин ни го доближи ликот и делото на легендарната пејачка Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“.
Таа од 2016 година е во брак со актерот Петар Бенчина (36), кој во филмот „Тома“ го глумеше ликот на докторот на фамозниот Тома Здравковиќ.
https://www.instagram.com/p/CFpHTxKHTDb/
Двајцата не откриваат многу детали од приватноста, а јавноста не ни знае кога точно почнале да се состануваат. Тие се скромни и природни и деталите ги чуваат за себе. Само во 2011 година осамна информацијата дека Тамара е во врска со 5 години постариот колега и многу машки срца беа скршени.
Со Петар важат за еден од омилените српски парови, а по филмот „Тома“ се во фокусот на медиумите.
Велат дека двајцата имаат густ распоред и затоа недела по правило им е резервиран за семејството.
Имаат 2 деца и тоа 5-годишната Сташа и 2-годишниот Лазар.
„И Петар и јас потекнуваме од семејства кои не се фокусирале никогаш на гламур и лажен сјај. Среќна сум што ја работиме работата што ја сакаме, а популарноста е последица на улогите што им се допаднале на гледачите. Не знам зошто поради тоа би се однесувале поинаку“, изјави Тамара во една пригода.
Инаку, во 2013 година Тамара има учествувано во шоуто „Твоето лице звучи познато“, а има еден брат кој исто така е актер. Нејзиниот брат Миодраг Драгичевиќ неодамна стапи во брак.
Фотки од прекрасниот пар:
https://www.instagram.com/p/CVGLpVCoDzS/
https://www.instagram.com/p/CVGHR-AsMWo/