Majката на Никола Роквиќ е убавица на 60 години - прави раскошни родендени, сака природа
- Детали
- недела, 03 ноември 2024
Славица Роквиќ два пати му кажала „да“ на пејачот Маринко Роквиќ. Парот се земал во 1985 година, па за развеле, па за неколку месеци одново се земале и биле заедно повеќе од 3 децении, до смртта на Маринко.
фото: Hylaaa
Maјката на пејачот Никола Роквиќ и некогашна сопруга на починатиот Маринко Роквиќ, Славица Роквиќ, го прослави својот 60-ти роденден со раскошна прослава, а Никола сподели семејни фотографии од забавата.
На забавата Славица блеска во металик фустан и покажува дека за неа годините се само бројка.
На фотографиите кај Никола, Славица прокоментира:
„Мојата животна сила, мојата радост, мојата причина за тоа што никогаш не ја тргам насмевката од лицето. Вашата слога, љубов, единство...
Мои прекрасни снаи, мои златни внуци и мои двајца синови. Ве сакам најмногу на светот“.
Таа со Маринко Роквиќ беше во брак повеќе од три децении и важea за пар со хармоничен брак и вистински семејни вредности.
Тие се венчале во 1985 година, а во текот на бракот добија два сина, Никола и Марко, кои тргнаа по стапките на татко им и се дел од јавниот живот.
Инаку, на почетокот од бракот Славица и Маринко имале проблеми во бракот, па одлучиле да се разведат, но само по неколку месеци сфатиле дека нивната љубов е посилна од сè.
Маринко тогаш на изненадување на Славица ја однел во матично, па организирал забава во еден ресторан за да прослават што одново стапиле во брак.
Парот беше заедно до смртта на Маринко во 2021 година.