Алкохолот го чинеше брак, синот го извлече од дното: Кој е таткото на Златан Ибрахимовиќ?
Иако Шефик поголемиот дел од животот го помина работејќи како чувар, се проба и како пејач на народна музика.
Тој е познат по прекарот Кинко и има свој канал на YouTube, каде што се објавени сите негови песни.
Три од нив се посветени на славниот син Златан.
Најпопуларната е „Злато Златане“, а ги сними и „Сине мој“ и „Златане пружи све од себе, нема гола без тебе“.
Својот тежок живот со татко му, Златан го опиша во својата автобиографска книга „Ја сам Златан Ибрахимовиќ“, каде што раскажа дека често одел гладен на тренинзи бидејќи не можел да најде ништо друго во фрижидерот освен пиво.
Тој вели дека неговиот татко на крајот престанал да пие и од тој момент нивната врска значително се подобрила.
Шефик, пак, во една пригода рече дека токму успехот на синот, го извлекол од дното и дека сега е нов човек.
Тој го следел секој тренинг на Златан, ги сечел написите од весниците и доаѓал на секој натпревар на синот.
Врската меѓу таткото и синот се подобрила низ годините и тие денес се многу блиски.
Прочитајте и Факти за Златан Ибрахимовиќ, дрскиот фудбалер кој го освои светот – удри соиграч, навреди новинарка
А. Ј. | Црнобело