Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со друг“
- Детали
- недела, 23 јули 2023
„Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопругот и ми рече дека сака да се омажи за мене“ – ја раскажува приказната 85-годишниот Босанец Шабан Мујиќ кој во ноември се ожени за 38 години помлада сопруга. Парот очекуваше и бебе, но за жал го загубија.
Босанецот Шабан Мујиќ (85) беше топ тема во балканските медиуми во ноември минатата година, откако беше објавена неговата приказна. Тој се ожени за 38 години помладата Асмира и заедно покажаа дека љубовта навистина не познава граници.
Шабан поминал 27 години во Германија каде заработил вистинско богатство, а потоа се вратил во родниот Цазин во Босна и Херцеговина каде одгледува овци на имотот наследен од неговите татко и дедо.
фото: Јутјуб - принтскрин
Од првиот брак со сопругата што починала во 2014-та година, тој има 3 синови и ќерка, а гордо вели дека сите ги обезбедил.
Тој гостуваше во босанска емисија каде отворено зборуваше за заедничкиот живот со младата сопруга.
„Најдов жена од 47 години и многу сум благодарен. Ќе има кој да ме погледне кога ќе паднам болен.
Многу убаво се сложуваме и разликата во годините не ја чувствуваме. Сѐ уште се држам како младо момче“ – вели Шабан.
фото: YouTube - принтскрин
Шабан раскажува дека ја запознал сегашната сопруга уште пред 20 години кога таа дошла да работи кај него како куќна помошничка и често се жалела дека има проблеми со првиот сопруг.
Како што вели, таа била во многу тешка ситуација затоа што сама морала да се грижи за децата, а не сакала да ги напушти, па Шабан во тој период ѝ помагал.
„Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопругот и ми рече дека сака да се омажи за мене. Еве сега сме една година заедно и во април чекаме принова, носи мое дете.
Ги прифатив и нејзините деца и ги обезбедив. Го обожавам малото од нејзината ќерка, нему ќе му препишам сѐ – другите се обезбедени“ – рече тој.
фото: Фејсбук - Шабан Мујиќ
Иако Шабан долго се радувал дека повторно ќе стане татко, во февруари годинава Асмира го загубила бебето, но вели дека се надева оти наскоро повторно ќе остане бремена.
„Шабан е прекрасен кон мене. Ниту еднаш не го кренал тонот на мене, покрај него и јас и мојата деца имаме сѐ. Две години и пет месеци живееме заедно“ – вели таа.
Погледнете го видеото со Шабан и Асмира:
Б. С. Б. | Црнобело