Сите детали за мрачниот период низ кој минува Ана Николиќ - лице со лузни, обвиненија за сексуално малтретирање
Ана во гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“, неодамна откри дека првата соработка со Саша Мирковиќ траела само 24 часа, затоа што тие двајца влегле во конфликт, откако се враќале од нејзиниот настап во Скопје.
„Возачот се враќаше за Белград и јас го повикав и му реков да сврти до Ќиќевац да земе нешто, на што Ана полуде и му рече: ‘Вози ме ти прво мене во Белград, па потоа врати се во Ќиќевац’“ – раскажуваше Саша, на што Ана додаде дека возачот ја оставил на бензинската пумпа, по што се завршила нивната прва соработка.
Фото; YouTube - принтскрин
По препукувањата на социјалните мрежи, осамна видео снимка на која се гледа ужасната состојба на нејзиното лице.
„Дали ти гледаш дека имам кратери на лицето? Ова станува ноќна мора. Ова не можам сама да го покријам.
Имам само 100 динари на сметката, јас те молам да направиш нешто за мојата младост. Јас не можам ништо да снимам со ова. Ниту можам ова да го прекријам.
Не постои шанса ова да се среди. А од сите бесови и нервози, погледни ме на што личам. Ова не беше вакво. Ова сега е пеколно“ – вели таа во видеото.
https://twitter.com/_mkmz_/status/1675076927562960896
Некои тврдат дека лузните на лицето на Ана се последица на користење синтетички дроги, а други тврдат дека „кратерите“ на нејзиното лице се последица на лоши ласерски третмани.
Инаку, Aна подолго време во јавноста челото го прекрива со модни детали за да не се забележуваат нејзините рани по лицето, а нејзиниот менаџер објави грозоморна аудио снимка на која се слуша како таа го моли да ја однесе кај некоја видовита жена.
Видно вознемирена, Ана се правда дека не можела да стигне на време на тонска проба затоа што не можела да најде ништо во станот, откако сменила 300 дадилки за ќерката во домот.
„Да не ти кажувам што ми правеше последната дадилка и како ме уценуваше. Ми прават хаос од животот.
Не се осмелувам никого да пуштам во станот. Значи сѐ работам сама. Како Пепелашка сум“ – се жали Ана меѓу другото.
JEZIVI audio SNIMAK! Ana Nikolić hoće da se leči magijom kod vračare! Neće kod doktora! pic.twitter.com/9Pk4svWahC
-->— FantomBeograda (@FantomBeograda) July 5, 2023
По скандалозните видео и аудио снимки, Ана прво на социјалните мрежи им се заблагодари на сите што ја поддржуваат, а потоа даде изјава за медиумите во која рече дека сепак постои шанса да ја продолжи соработката со менаџерот и дека не се откажува од концертот во белградска Арена.
„Неизмерно им благодарам на сите што сте ми испратиле толку многу поддршка... Јас не сум ниту свесна понекогаш колку многу има луѓе што ме сакаат.
Знаете дека не сакам многу да зборувам за приватниот живот, што не значи дека не поминав низ бури... Разни бури, приватни. Не ја прифаќам улогата на жртва и кога сум тоа.
Јас секогаш сум избирала да бидам победник! Но, некогаш човек се изморува...
И најсилните паѓаат. Не мислам дека тоа што не те убива те прави посилен. Лузните на лицето се само мали показатели за сите белези на срцето.
Дегутатнтно ми е да коментирам било што на темата ‘дрога’... Прво, затоа што никогаш не сум пробала ниту еден вид опијати. Никогаш.
Овие лажни обвинувања освен што ме деградираат како личност, како мајка и жена, ме растажуваат и не сакам неправда.
И нема да дозволам никому никогаш да ме ‘става’ и да ме злоупотребува на таков за мене лично срамен, лажен и пред сѐ примитивен начин“ – напиша таа.
Б. С. Б. | Црнобело