Србинка на плажа гордо ја покажа стомата на телото за да ги разбие предрасудите: „Ме зјапаат само нашинците“

„Во Србија е срамота ако облечеме дводелен костим за капење. Во Грција на плажа ги препознавате нашинците кои ја вртат главата или ги допираат тие што се до нив, за и тие да се свртат. Не е срамота да се носи стома. Тоа е нашиот живот“, вели Милица Јанковиќ, која по операцијата која ѝ го спасила животот, носи стома на телото.

gledam-nashincite-na-plazha-kako-me-zjapaat-srbinka-gordo-ja-pokazha-stomata-na-teloto-za-da-gi-razbie-predrasudite-01.jpg

Милица Јанковиќ од Белград, мајка на 4 деца, објави своја фотографија во Фејсбук групата „Грчка инфо“ на која гордо покажа дека носи стома на стомакот, а за да ги засрами сите што зјапаат во неа на плажа, но и за да ги охрабри девојките и жените да го живеат животот максимално, иако поради болест, генетика или вродена аномалија не изгледаат како што очекуваат другите.

Стома е хируршки фабрикуван зглоб, кој се поставува помеѓу дигестивниот тракт (тенкото црево, дебелото црево, жолчните канали) и површината на телото, односно кожата.

Стомата преку хируршка процедура се внесува низ ѕидот на стомакот и се поврзува со нефункционален орган од дигестивниот или уринарниот систем, па на тој начин човекот ги исфрла несварени остатоци од храната, урина или измет, во отстранлива кеса која е прикачена на надворешната страна на стомата.

gledam-nashincite-na-plazha-kako-me-zjapaat-srbinka-gordo-ja-pokazha-stomata-na-teloto-za-da-gi-razbie-predrasudite-02.jpg

Во својата објава, Милица раскажува за стигмите со кои се соочува не само таа, туку и многу Срби на кои им е вградена стома по хируршки пат:

„Добар ден, добри луѓе желни за море и Грција. Би се надоврзала на еден вчерашен пост дека добри луѓе постојат.
Да, тоа е точно, но и има луѓе како мене (невидливи херои). 

Ја следам групата долго време и понекогаш пишувам нешто во коментар. Се трудам да помогнам колку што можам. Но, би сакала да ја споделам мојата приказна со вас.
Тоа не е само моја приказна, туку приказна за моите соборци, кои се срамат да одат на море поради погледите на другите... Да облечат костими за капење, да шетаат на плажа.

И ние бевме здрави, но потоа се разболевме и опериравме и добивме нов живот и вреќа (стома), т.е. колостомија, илеостома и уростомија.
Со ова помагало во Србија има околу 4.200 пациенти, а само во Белград со стома живеат 1.500 луѓе.

На море не ни пречат комарците, медузите, брановите. Ја сакам Грција, ги сакам нивните луѓе и странците затоа што не нè гледаат како инвалиди. 
Во Србија е срамота ако облечеме дводелен костим за капење. Во Грција на плажа ги препознавате нашинците кои ја вртат главата или ги допираат тие што се до нив, за и тие да се свртат. 

Не е срамота да се носи стома. Тоа е мојот живот“, вели Милица.

gledam-nashincite-na-plazha-kako-me-zjapaat-srbinka-gordo-ja-pokazha-stomata-na-teloto-za-da-gi-razbie-predrasudite-04.jpgфото: Грчка инфо

Таа им се обрати и на администраторите на групата:

„Се надевам дека ќе ја пуштите мојата објава, не само поради мене, туку и заради другите луѓе на кои им е срам да дојдат на море и да уживаат.“

По објавата Милица доби бројни пофалби и поддршка за храброста да зборува отворено за својот проблем.

„Не е срамота. Мајка ми има стома 10 години и благодарение на тоа е сè уште со нас. Уживајте и не срамете се од вашето тело“, напишал член на групата.

gledam-nashincite-na-plazha-kako-me-zjapaat-srbinka-gordo-ja-pokazha-stomata-na-teloto-za-da-gi-razbie-predrasudite-03_copy.jpg

Поддршка доби и од други членови на групата.

„Браво. Голема поддршка и од мене. Кога би сретнал човек со стома на плажа, би му подала рака и би му честитала на гордоста. Двајцата родители ми носеа стомата, за жал мајка ми веќе не е со нас.

Татко ми носеше осум месеци, храбро издржа хемотерапија и ја извади. Но, знам колку беше засрамена мајка ми и колку ги избегнуваше луѓето и не можеше да ја прифати новата состојба.

Татко ми беше потполно различен. Голема поддршка за сите луѓе со стома и кренете ја главата, вие сте гордост и победа“, напишала друга жена.

Милица е мајка на четири деца. Таа по објавата на Фејсбук, во изјава за српскиот магазин Blic дека нејзината желба е да ја подигне свеста кај луѓето дека нема срам да се носи стома.

„Сакам да ја подигнам свеста кај луѓето дека не е срамота да се има стома. Дека не треба да се криеш, туку да се гордееш. Затоа што ја изборивме најголемата битка во нашите животи“, вели Милица.

А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
Србинка е хит на Инстаграм со смешните видеа за жените и мажите Видеата на Марта од Белград предизвикуваат лавина од реакции и многу смеа. Хит п...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Србинка открива: „Цените во Охрид се далеку поповолни од Белград, парче баклава ме чинеше од 15 до 2... „Ако сте гурман, во Охрид ќе бидете во рајот. Кога станува збор за цените, тоа з...
Девојката на Бака Прасе покажа дека е домаќинка: Сама си сплете нови бикини на плажа (видео) „Конечно да направиш нешто паметно на плажа“ – коментираат следбениците на Ања Б...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg